Offside

Халанд вози трактор на нива со компири во својот роден крај

Најдобриот млад фудбалер на сезоната во Европа (44 гола на 40 меча за Салцбург и Дортмунд сезонава), Норвежанецот Ерлинг Халанд со уште една фотографија покажа дека летово е спремен да помогне во домаќинството.

Сезоната на Барса во 5 секунди

Првпат после 2014-та година пехарот наменет за шампионот или оној за освојувачот на Купот во Шпанија нема да го крене капитен на Барселона. Каталонците имаат фрустрирачка сезона во домашните натпреварувања, односите управа-терен не се сјајни, а не се ок ни оние на релација играчи-тренер. Барса синоќа изгуби дома од Осасуна со 1:2 и тоа со играч повеќе.

Таму нема зурли, тапани и истрели - навивачите на Реал ги послушаа апелите и не се се собираа на плоштад

Реал Мадрид првпат после три години ја освои шампионската титула во Ла Лига, а играчите гласно ја прославија титулата но без навивачите.

Игра за Реал, зема 350.000 евра неделно и со сила ја славеше титулата

На Герет Бејл дефинитивно му дише главата. Колку и да е гневен кон некој или нешто во клубот за што прашање е и дали има право, ако е вистински професионалец ќе го одработи договорот до крај како што е редот, а не да се однесува како Балотели да му е брат.

Реал освои титула првпат после три години, Зидан е волшебник - 11-ти пехар со „кралевите“

Реал и Барселона се израмнија по вкупниот број на освоени трофеи во клупската историја. Верувале или не, со сите пехари кренати низ историјата во разно-разни натпреварувања, и „меренгес“ и „блауграна“ имаат идентичен број на трофеи.

Ти легна а мајсторе?

Абе фино што ти легна, ама немој толку јако, топката ја дупна, а пречката не може да ја состават. Плус и коментаторот ќе прегореше.

Опасен факт на денот за маестро Зидан

Овој човек не знае по еднаш да ги освојува трофеите. Само три цели сезони е тренер на Реал Мадрид, инаку негов прв клуб во кариерата, а веќе сите ги дуплираше. За ЛШ пак да не правиме муабет. Пази ова: Во просек на секои 19 меча им носи по еден трофеј.

Новак и ти ли се грееш на дрва?

Ерлинг Халанд пред неколку објави фотка како сече дрва со татко му во Норвешка за на зима. Еве го сега и Ѓоковиќ кој на рамо со татко му носат два тешкаши. Некои медиуми пишуваат дека ова му било само тренинг.

Во Шпанија шоуто е на Реал и на Барди

Во вечерта кога кралскиот клуб ја освои 34. шампионска титула, македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше главен творец на триумфот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго со 2:3. Барди го одигра 100. меч во Ла Лига и стана најдобриот странски стрелец во клупската историја со 18 гола.

Најјаките 50 секунди билијард во маало

Мислевме дека тоа е спорт во кој нема никаква динамика и навистина таков ни беше ставот се додека не налетавме на видеово. Двајца снема од кадар, а другите двајца легнаа на земја. Неверојатно.

Каква легенда е овој Акинфенва, пазете му ги движењава

Најсилен е, најкорпулентен и има 102 кила. Едноставно не личи на фудбалер, а уште помалце на напаѓач со таа негова билдерска конституција. Не може да се дорадува што за прв пат на 38 години ќе заигра во Чемпионшип со Викомб.

Еврогол за кој ќе се збори пред коперација

Збигњев Јаник им даде мотив повеќе на локалците од неговото место да дебатираат за фудбал, откако овој фудбалер на Блиск Кужнишко од 7-ма полска лига постигна голчиште против Полонија Тржебница.

Барал копачки на отпад во Нигерија, преживеал маларија, а сега потпишува со Наполи за 81 милион евра

Нов соиграч на нашиот Елиф Елмас би можел да стане еден млад Нигериец кој ги пореметува противничките голмани и кој има страшна животна приказна иако има само 21 година.

102 годишен навивач на Фламенго го победи Ковид и со песна ја напушти болницата

За Раимундо не важи тоа дека короната е најопасна кај постарите. Топ не го бие човекот, присутен на планетава еден век и кусур. Ја совлада и потоа отиде дома да гледа како неговите слават титула. Цел персонал го испрати царот.

Бонацоли од Дорија го следите ли?

Италија добива нов класичен шпиц - сидраш. Федерико Бонацоли е 9-ка на Сампдорија. Има 23 години (роден 1997). Пред фудбалот да прекине поради пандемијата даде само 2 гола во Серија А, а сега по рестартот постигна 4 гола (3 во 3 дена) од кои 2 се прераскажуваат.

Бомбастичен удар на Кеси, голманот споменик

Една од екипите која фати одличен ритам после паузата е Милан кој е во одлична серија од 5 победи и 2 нерешени. Синоќа ја совладаа Парма со пресврт и триумф од 3:1. Голот на колото во Серија А го има Франк Кеси.

Добро, овој Раул Хименез знае да даде обичен, нормален гол?

Адама Траое по којзнае кој пат го изора теренот, направи невиден слалом, а акцијата ја доврши Раул Хименез со школски волеј. Тоа беше 17-ти гол за Мексиканецот сезонава а има и 6 асистенции. Кој од кој поубав гол му беше лани и годинава.

Гол во Норвешка за ударна насловна страна

Клубот Бодо Глимт има неверојатен, незапаметен старт во најдобрата норвешка лига. На 8 меча имаат 8 победи со гол разлика 32:8. Ако вака продолжат може да стигнат до историска титула. Синоќа со 2-1 го совладаа Кристианштуд, а победничкиот гол беше страва.

Фото на денот

Едниот играше во Интер, другиот во Милан, а синоќа се појавија на терен како тренери на Болоња и Наполи 1:1 и во еден момент седнаа на иста клупа. Ете тоа е фудбалот кој го сакаме. Џентлмени.

Абе тој не е од твоја, али ок

Некои контри 2 на 1 со голман, знаат да завршат како што никој не би очекувал, како оваа во МЛС. Ова требаше да биде лесен гол, ама скроз го промаши додавањето по кое како да ви кажеме.

Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Од кога Португалија се снабди со африкански фудбалери од земји кои им биле колонија

Во репрезентацијата на Португалија може да најдете фудбалери со разни етнички корени. Предците на многу од нив биле дојденци од Африка кои бегале од сиромашни земји во многу побогатата Португалија. Токму таков им донесе злато во 2016-та.

Адриано е направен змеј

Снимен е во неделата сабајле на некој концерт. Значи од сабајле не може да стои на нозе. Се ќупосал од пиење.