Најнормална работа во фудбалот е да гледаме голмани во добра форма на 37 години, па и по некој дефанзивец, ама за напаѓач, тоа е реткост. Обично се откажуваат порано и ретко кој на тие години има снага и желба да се рова со помлади и снажни дефанзивци, желни за докажување.
Пандев синоќа по само 9 минути игра против Кротоне во првото коло од новата сезона, покажа како се игра во напад на негови 37 години кои ги наполни на 27 јули. Доби убава топка, фати добар трк од средина и на голманот му одигра искусно и мајсторски.
Твитерот за вечниот гореше, а удрија и на монтажи.
Pandev in the year 2057 still scoring pic.twitter.com/iF6MP1DQiy
— Mamba24 Diavolo1899 (@talesheva) September 20, 2020
За капитенот на Македонија ова беше гол број 95 во Серија А постигнати за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова. Рекордна му е сезоната во Лацио 2007/2008 кога постигна 14.
Клубови се распаѓаат меѓу кои Анкона за која дебитираше во Серија А во сезоната 2003/2004, а Пандев уште игра. Првиот му е оној против Болоња ако се сеќавате, кога го совлада Паљука. Коментари со пофалби колку сакаш.
Се наоѓа на листата на топ 100 стрелци во историјата на италијанскиот фудбал и има повеќе голови од легенди како Ван Бастен и Ѕола.
Меѓу активните играчи во Серија А, само тројца играчи се поефикасни од него.
Колку само многу издржа и каков континуитет покажа, човекот кој е во друштво на шестмина странци со минимум 400 настапи во Серија А.