Сторијата е маалска, а кога ќе се погледне каде е сега Меси, да не ти се верува дека така почнал и покрај тоа што речиси сите ѕвезди имале некои вакви слични приказни.
Салвадор Апарасио е всушност првиот човек кој му дал шанса на Меси да одигра фудбалски натпревар. Целата работа се состои во тоа што му фалел човек и место да чека некој да се појави на игралиште, побарал малиот Лео да им се придружи, без да има појма што чудо се крие во него.
Тој го викнал да пополни екипа, а тој ги дриблал сите и давал по 6-7 гола на секој меч, а уште бил дете.
„Ми фалеше човек и ја прашав мајка му дали може да го пушти. Велеше дека не може да игра, бидејќи никогаш претходно не го правел тоа, а јас и реков дека не треба да прави ништо посебно. Таму беше и баба му која и велеше да го пушти и потоа му дозволија.
Првиот пат кога му дојде топката, само ја погледна и ја остави да помине. Потоа пак дојде топката до него и му удри во левата нога. Ја исконтролира, почна да трча по теренот и да дрибла.
Почнав да му викам да шутира, ама беше премногу мал. Од тогаш, секогаш беше дел од мојот тим и даваше по 6-7 гола. Ќе ја земеше топката и дриблаше по цел терен“.
Како се чувствувате кога го гледате како игра за Барселона или репрезентација?
„Се чувствувам исто како сега. Плачам. Затоа што се сеќавам кога беше мало дете“.
Вие ли сте тој што го откри?
„Не, јас не го открив, туку прв го ставив во игра“.
Инаку Салвадор е починат во 2008-ма на 71 година, а инаку е поранешен дефанзивец на Реал Ваљадолид каде настапувал 10 години.