Offside

Репрезентацијата на Норвешка го совлада Брегот на Слонова Коска со 2-1 благодарение на прекрасниот гол на Нуса и погодокот на Халанд. Скандинавците на 5-ти јуни ќе се судрат со големиот Бразил.

Додека Бернабеу се реновира за 575 милиони евра, Реал игра на мало стадионче

Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.

Само Ферги знае да прави вакви гестови

Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава. Поздравот на учителот за кој сите зборуваа после финалето на ЕП 2016. Безценето.

Не се видело друг пат ваков гол на Европско

Требаше сега да се игра Европско, да пишуваме за Европско, да се сеќаваме на легендарни, луди и незаборавни моменти. Еден од тие е голот на легендата на Ливерпул Рони Велан на мечот Ирска - СССР, одигран на денешен ден на ЕП 1988.

Најдобар партнер на Роналдо во напад беше Белгиец кој никој не го памти

Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.

Новак растури во диско

Ѓоковиќ организираше хуманитарен турнир во тенис „Адриа Тур“, на кој учествуваа Доминик Тим, Григор Димитров, Виктор Торицки, Александер Ѕверев, а потоа следуваше приватна забава во диско на која се знае кој беше глав протагонист.

Него што правиме со Благој кој го сака Вардар?

Една од главните теми во мак фудбалот овој месец е наводниот интерес за купување на Вардар од страна на поранешен бугарски репрезентативец по име Благој Георгиев. Но, за Бугаринов и немаат баш добро мислење во Бугарија.

Викенд на нереди меѓу англиските навивачи и борците против расизам

Ултра-десничарските групи кои од цела Англија се собраа во Лондон наводно да ги чуваат спомениците и меморијалите во престолнината, се судрија со полицијата, па со демонстрантите од BlackLivesMatter.

Колосална утка на годината доаѓа од Данска

На дербито во данскиот фудбал меѓу Нордсјеланд и Копенхаген кој заврши 1:1, имаше промашен зицер на сезоната. По 36 минути игра, додека Копенхаген водеше со 0-1, домашниот играч Мадс Тикосен ја заеба физиката.

Судија, а треба ли да има жолт картон за ваков мајмунлак?

Центарфорот на Баер Леверкузен Лукас Аларио го има најнеспортскиот потег на сезоната во Бундеслига, откако на мечот против Шалке на гости направи голема глупост. Во 57' минута Чан Боздоган лежеше на трева, па негов соиграч од Шалке ја исфрли топката во аут. Кога продолжи играта Аларио се изглупира и злоупотреби едно непишано правило.

Во Ирак паѓаат и убави голови

Ирачката фудбалска федерација, која што е под контрола на комитетот за нормализација на ФИФА, реши да ја суспендира тековната сезона поради глобалната пандемија но и со цел играчите да сочуваат сили за квалификациите за Светско 2022 во Катар.  А сезонава таму паднале пар добри голови.

Руанда му плати на Арсенал 30 милиони фунти за реклама и го крена туризмот

Пред две и пол години Арсенал го потпиша можеби најнеобичниот рекламен договор во Премиер лигата. Првпат во клупската историја тимот од северен Лондон на ракавите од дресовите стави реклама.

Магичното ефе на маестро Хуан Себастијан Верон

Мама миа, какво играчиште беше овој аргентински ас, кој преку Сампдорија и Парма, заигра во шампионскиот тим на Лацио 2000, каде беше еден од главните, а потоа продолжи во Интер, Манчестер Јунајтед, Челси...

Новите правила за вечерашното полуфинале Јуве – Милан

Играчите може да протестираат кај судиите, ама од дистанца, бидејќи ако тоа го прават како до сега, апла ќе ја прекршат најважната мерка која е на прво место во цела планета.

Го препознале Салах на бензинска, па на сите им платил бензин

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.

Психолошка припрема пред кам бекот на фудбалот

Викендов стартува шпанско, следна среда англиско, а Бундес тера веќе на велико. За вечер и утре имаме Јуве - Милан и Наполи - Интер, полуфинале на Куп, како вовед за Серија А закажана за нареден викенд. Тогаш ај да се спремиме.

Каква акција на Ливерпул, Клоп има деца бисери за прв тим

Англискиот фудбал уште не се врати, ама клубовите играат пријателски натпревари. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го прегазил Блекбурн со 6:0 и тоа без повредените Салах и Робертсон (двајцата имале ситни мали повреди).

Чекај ова е Паулињо или Жунињо?

Голот на деценијата на Гвангжу и веројатно најдобар во кариерата на Паулињо, по кој не им текна повеќе во Кина да му се бранат вака со само еден и единствен играч застанат како жив ѕид.

Историјата кога Барса играла фудбал среде пик на шпански грип

Еден од основачите на фудбалскиот клуб Барселона и нејзин долгогодишен претседател, Жоан Гампер среде пандемија со шпанска грозница кога луѓе умирале, основал комисија и тврдел дека активности на воздух се најдобри во справување со страшниот вирус.

Ова да ти било кај нас?

Знаеме дека држат многу добар овчи кашкавал, ама не и дека стадионот им е збрцан во една ваква лепота. На прва помисливме дека ова е некаде во Исланд, а тоа да ти било Дебар.

Како Македонија стана ветена земја за хрватските ракометари

Во пресрет на новата ракометна сезона, во најдобрите македонски клубови кои ќе се борат за врвот: Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер веќе има неколку хрватски ракометари. Македонија како да е ветена земја за хрватскиот ракомет затоа што овде продефилираа и уште играат врвни ракометари и тренери. Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ, Златко Хорват, Лино Червар, Жељко Бабиќ и многу други.

Пипо Инѕаги уште ја држи онаа негова прослава за гол

Весело е на тренингот на Беневенто, особено затоа што гол даде нивниот тренер, а му се израдува исто како во своите играчки денови.

За луѓето да не паѓаат во искушение, Шпанија забрани реклами на казина и кладилници

Додуше рекламирање букмејкери и казина е дозволено од 01:00 до 05:00 на полноќ, но слабо фајде ќе имаат клубовите кои веќе почнуваат со Ла Лига и кои зависат од парите од овие спонзори.

Како одигра Џордан со стомачен вирус против Јута во финале

И болен ја сомеле со 38 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Булси поведоа 3:2 во петтиот натпревар од финалната серија во 1997-ма. Ете тоа беше Ем Џеј.