Кралскиот пречек на Диего на Ла Бомбонера

Вториот негов клуб во кариерата беше Бока Јуниорс, каде 15 години подоцна ја заврши и кариерата. Годинава за последен пат им се појави, но во тренерска улога на друг клуб. Побудалеа навивачите.

Диего Армандо Марадона за последен пат се појави на стадионот во својот роден град на 8 март годинава. Го опишуваа како подуен и мелодраматичен, а се движеше тешко и тромаво. Пред да излезе на осветената трева на Ла Бомбонера, двајца го држеа под рака.

Дојде дома, но како гостин и тренер на Гимназија ла Плата која во последното коло од аргентинскиот шампионат и гостуваше на Бока Јуниорс. На домаќинот му беа неопходни 3 бода за титула, но само ако Ривер Плејт киксне.

Навивачите беа во транс. Марадона е во градот. Доби овации какви што можат да се чујат само во јужноамериканскиот фудбал. Гласни, бес престан. Тие извадија голем банер, а управата му спреми дрес и плакета.

Тој ден ќе остане незаборавен за Бока и нивните навивачи кои направија шоу. Тие на трибина, а Карлоз Тевез на терен кој со бакнеж ја поздрави легендата, а потоа со гол во 72-ра минута го реши мечот и донесе титула. Ривер не успеа да победи на гостувањето против Атлетико Тукуман.

Нема навивач на Бока кој ќе го заборави 8 март 2020. Титула освоена во последно коло против градскиот ривал и појавување на Марадона, за жал последно, кој за нив играше прво во 1981/1982, па 1995-1997 за крај на кариерата.

26 ноември 2020 - 09:59