На 25 ноември преку ден по локално време почина Диего Марадона. Оваа информација прва ја потврди Фудбалската федерација на Ааргетнина.
Срцевиот удар го доживеал утрото во среда во својот дом во населбата Тигре, недалеку од Буенос Аирес. Според аргентинскиот Clarin кој прв ја пренесе веста за смртта, Диего живеел таму по операцијата на почеток на ноември.
Операцијата тогаш помина успешно, Диего за два дена застанал на нозе, дури и ги забавувал докторите и сестрите, а продолжиш и успешна рехабилитација.
Во Аргентина е прогласена тридневна жалост - објави претседателот Алберто Фернандез. Натпреварите ширум светот синоќа се играа со едноминутен молк. Така беше и во европската Лига на шампиони:
Последните пар години Марадона работеше како тренер на Химнасија од Ла Плата. Поради здравствени проблеми не можел во целост да биде посветен на обврските во клубот. Но на 31 октомври, ден откако наполни 60 години, екипата му подарила голем триумф на стартот на аргентинското првенство.
Наполи објави: „Сите ги чекаат нашите зборови, но какви зборови може да ја опишат таа силна болка која ја чуствуваме? Денес е време за солзи. А после ќе дојде и време за зборови. Диего .
.Жална фраза објави и Пеле: „Не сомневам дека еднаш заедно ќе одиграме горе на небо“.
Стадионот „Сан Паоло“ во Неапол најверојатно ќе биде преименуван во чест на Диего Марадона. Ова прашање било решено уште вечерта, не се чекало на утрешното заседание на спортската комисија во Советот на градот.
Советникот за спорт во општината Чиро Бориело ја поддржал идејата на претседатеот на Наполи Аурелио Де Лаурентис.