Најтажната вест за Марадона ја пренесуваат аргентинските весници Кларин и Оле, а причинaта за смртта е срцев удар.
Тој беше во куќата на Тигре, каде што беше сместен по операцијата на 4 ноември. Но овој пат за разлика од тоа време, немаше начин да се спаси. Диего нè напушти и со него го зема фудбалот. Бидејќи никогаш нема да биде исто. Никогаш повеќе. Неговата смрт означува пред и потоа, а ударот одекнува во сите географски широчини.
Ноември беше тежок за него од почетокот на месецот со хоспитализацијата во приватниот санаториум во Ла Плата и потоа трансферот во клиниката Оливос каде се соочи со хируршка интервенција на главата. Успехот на операцијата беше делумно олеснување. Го чекаше тешко закрепнување. Не издржа неговото срце.
Четири амбулантни возила итно пристигнале до неговата куќа, но и покрај тоа што дошле брзо, веќе било доцна, пишува весникот Оле.
CONFIRMED Diego Maradona has passed away at 60. pic.twitter.com/IW9mynVv9F
— Juan G. Arango 🇨🇴 🇮🇹 (@JuanG_Arango) November 25, 2020
Per Sempre 💙
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 25, 2020
Ciao Diego pic.twitter.com/LzppqlBqLV
И покрај тоа што пред 22 години се повлече од играње фудбал, генијалецот со топка никогаш не престана да биде актуелен.
Играше на четири Мундијали: Шпанија 1982, Мексико 1986, Италија 1990 и САД 1994. Аргентинците вечно ќе му го паметат оној во 1986-та кога им ја донесе светката титула, втора и последна за оваа земја.
За Наполитанците беше и остана Бог, бидејќи им донесе 2 Скудета, Куп на Италија, Супер Куп на Италија и Куп на УЕФА.
Со Барселона во 1983-та освои Копа дел Реј, Лига Куп и Супер Куп на Шпанија. Кариерата ја почна во Аргентинос Јуниорс во 1976-та, а ја завршi во Бока Јуниорс во 1997/1998.
Постигна вкупно 312 голови за клуб и 34 за репрезентација.
За тренерската кариера: