Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Еднаш Ѓоковиќ ги соблече шорцевите пред Надал и така почна големо ривалство

Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.

Панчев: Одредени работи што сум ги направил, сè уште друг никој не ги направил

„Во овие 70 години ниту еден друг Македонец не бил кандидиран за најдобар играч во Европа. Е Дарко бил ставен во топ 100 играчи во Европа, па го ставиле во топ 10, па на крај завршил втор заедно со Савичевиќ. Епа сега нека заврши некој друг на тоа место“.

Пусти Мурињо, многу му е тешко од отказите

Ме отпуштија од Челси, Реал па пак од Челси, од Манчестер и на крај од Тотенхем. Ја стварно не знам како ќе се живее вака?

Таман се ратисавме од идејата за Суперлига, УЕФА донесе епски глупи реформи

Само 12 часа откако се објави веста за Суперлига поддржана од 12 богати клубови, УЕФА заседаваше и за да им угоди на тие разгалените, донесе чудни одлуки за во иднина.

Тевез уште дава голови на 37 години

Во 2. коло од новата сезона во Копа Либертадорес (Лига на шампиони за Јужна Америка), Бока Јуниорс со 2-0 го совлада бразилски Сантос. Карлитос Тевез, легендата на аргентинскиот фудбал и на 37 години решета голмани. Го отвори резултатот во 47' минута.

А замисли крокодил да ти се појави на тренинг

Сме виделе до сега маче, куче, птица, петел, ама со ваква појава некако не можеш да бидеш лагоден. Непријатната средба со крокодилот ја имаа фудбалерите на Торонто.

Компилација од сите утки на Вернер

Во Битола некои би го викале зицеро ама некои и љуфнатио. Од почеток беше шала, ама ова што се случува со екстремно скапо платениот центарфор на Челси веќе преминува во сериозна работа. Просто да нема меч да не утне зицер и тоа го фрустрира Германецот кој во Лајпциг беше неверојатен егзекутор.

Ненормалниот пресврт на Мидлзборо - Стеауа кој ќе се памети уште долго

На 27 април 2006-та година, англискиот клуб Мидлзборо го направи еден од најлудите пресврти во Купот на УЕФА. Во првото полуфинале во Букурешт, Стеауа го победи Боро со 1:0, а на реваншот во Англија Романците веќе во 25' минута имаа недостижни 0-2. Погледнете што се случи.

Акробација на Бензема и гостински гол на Челси за неизвесен реванш во Лондон

Првото полуфинале во Лига на шампиони е само најава за големата неизвесност која ќе следува на реваншот, барем што се однесува до екипите на Реал Мадрид и Челси кои ремизираа 1:1. Пулишиќ отвори, Бензема врати. И двата гола паднаа во прво.

Како е Тимо на битолски?

Твитерот за Тимо Вернер е пуштен на најјако, а причините се веќе многу добро познати. На човеков едноставно му се кочат нозете кога треба да реши ситуација сам пред гол, а две од повеќето такви ситуации му се против Македонија и синоќа против Реал.

Дај му ја на Вернер кога е сам, 100% ја промашува

Неполн месец откако го распнаа на крст за утката против Македонија на 1:1 и му извадија македонска лична карта, Тимо Вернер повторно се истакна пред гол, овој пат во полуфинале од ЛШ против Реал.

Како изгледа главниот стадион во Чернобил 35 години по катастрофата

Свеченото отворање на стадионот во Припјат било планирано за 27 април 1986-та година - локалниот клуб Строител требал да игра против ФК Машиностроител од местото Бородјанка во рамки на полуфинале на Купот на Киевска област.

Анчелоти во пејачки елемент

На јако ретро налетаваме. Се работи за забава на Милан после освојувањето на Суперкупот во 2003-та. Славната Лаура Паузини е во прегратка со Галијани, Амброзини и Пипо кој држи фризурче - полуматура. Најнапален е Карло Анчелоти. Му се пее, му се плаче, ама не го знае цел текст.

За тренер никогаш не е платено толку - Баерн реши да даде 25 милиони за Нагелсман

Пред неколку недели се појави вест дека Ханси Флик ќе стане селектор на Германија наместо Јоги Лев, па Баерн тргна во потрага по негов наследник. И за брзо време најде.

Бајката на тандемот од Кротоне - мигранти со 27 гола во Серија А

Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.

Од Македонија замина за 25.000 евра, а сега останува уште да го прогласат за крал

Нова сторија во која се возвишува ликот и делот на Пандев, овој пат на хрватски Индекс кој ја величи легендата и го раскажува неговиот разновиден пат во Италија. Хрватите велат вака за Горан: Еден од најдобрите играчи на Балканот во своето време.

Остани силен и биди горд, сè ќе биде во ред Нестор

Македонскиот голгетер Илија Несторовски доби голема поддршка за брзо закрепнување после операцијата на коленото која синоќа му ја извршија во Рим. Колегите му посакаа да се врати што посилен, а тој им се заблагодари на сите од постела и жали што нема да биде дел од Европското.

Асистенција на Јокиќ од паркинг

На Никола Јокиќ синоќа му беше доволно само едно полувреме да запише дабл-дабл учинок, а потоа и со поштеда во вториот дел да го заврши мечот со 25 поени, 15 скокови и 5 асистенции во победата над Мемфис од 120:96. Момци џабе ќе се трудите да се вратите во одбрана.

Капитенот на Реал Сосиедад се истепа со топката

Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад во последно време е во чудни односи со топката. Неодамна два пати го промаши цел гол од пенал откако ја шутна на исто место на средбите против Манчестер Јунајтед и Леванте, а синоќа против Елче проба да дрибла па после не знаеше што прави.

Како на мал фудбал се рушат закони на физиката

Нуњо Миранда од футсал екипата на Портимоненсе е мајстор на неделата. Дечкото промаши нешто што ни на сон не се промашува.

Хрватски хулигани жестоко нападнаа македонски навивачи во Австралија

По мечот меѓу македонскиот клуб Рокдејл Сити Санс кој е основан од македонската дијаспора во Австралија и Сиднеј Јунајтед, клуб близок на хрватската заедница, хрватски навивачи жестоко нападнале македонски фанови.

Несторовски ја пропушта бајката наречена Европско првенство

Лоши вести за Игор Ангеловски. Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена во нападот за ЕП 2020 кое стартува за месец и пол.

Мртва трка во Шпанија и Франција, вкупно 7 екипи за две титули

Што е, насловот да не ве збуни? Кога ќе ја погледнете табелата во двете првенства кои ви ги посочуваме, ќе ви стане јасно каква брканица е. Плус има и други занимливи ситуации, како на пример Ливерпул може многу лесно да извиси од ЛШ, исто и Борусија Дортмунд, а и Јуве не се сигурен.