Избраниците на Драган Канатларовски синоќа му оставија простор да бие од околу дваесетина метри и погрешија, затоа што на шут се местеше новото засилување на Реал Мадрид од Рен, Едуардо Камавинга.
Го платија 30 милиони евра и му дадоа 6 годишен договор. Големиот талент кој игра во среден ред, дебитираше за првиот тим на Рен на 16 години, а има и 3 настапи и 1 гол за Франција. Со 17 години, 9 месеци и 29 дена стана најмлад фудбалер после 1917-та година, кој заиграл за Светскиот првак .
Македонија У-21 синоќа и гостуваше на Франција во првото коло од квалификациите за ЕП и загуби со 3:0, а вториот гол беше дело на Камавинга. Се шпекулираше дека ќе остане во Лига 1 и ќе потпише за ПСЖ, но сепак на 31 август стави потпис во Реал Мадрид.
„Мојот трансфер во Реал беше направен многу брзо. Многу сум среќен и горд, но не сакам тоа да ги промени моите обврски спрема Франција У-21. Каде и да играм, дали за Рен или Реал, ќе го давам најдоброто за репрезентација“, изјави младиот фудбалер кој со нетрпение сака да стапне на Бернабеу.
„Се работи за остварување на сон кој го имав од дете. Едвај чекам да влезам на стадионот на Реал, тоа ќе биде импресивно“.
18 годишниот Камавинга ќе има од кого да учи, бидејќи од средниот ред на Реал, на тренинг ќе ги сретне Модриќ, Крос и Касемиро.
Инаку вчерашниот стрелец против Македонија, во Франција заминало со своето семејство, откако биле во камп за бегалци во Ангола. За него пишувавме лани.
Голот против Македонија.