Светското првенство 2021 во параглајдинг стартува на 31 октомври, а нашите четворица момци се исцрпени финансиски од претходни натпревари. Желбата им е да ја претстават Македонија во далечната Јужна Америка и за таа цел се обидуваат да стигнат до средства за пат, сместување и учество.
„Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.
За жал нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци, кои вкупно за целиот тим (патни трошоци, сместување и котизации) изнесуваат околу 10 000 евра.
Со цел да добиеме шанса да го претставиме спортскиот дух на Македонија, ги замолуваме сите кои имаат можност да помогнат преку донација и споделување на социјалните мрежи.
Голема Благодарност од Македонскиот параглајдинг тим: Александар Гацевски, Дарко Станковски, Мартин Јовановски и Владимир Неделковски.
За МАКЕДОНИЈА“
Клик тука за да им помогнеш на дечките.