Гркот кој почна да ги нервира противниците што среде натпревар оди и глави во веце, се соочи со Шпанецот Алкараз, кој уште на стартот прикажа експлозивен тенис и поведе со 4:0 во гемови.
18 годишното изненадување на отвореното првенство во САД, се истакна со голема брзина и прецизност, а високото ниво на игра речиси на целиот натпревар му ја донесе големата победа.
Мечот беше тесен, ултра неизвесен и полн со пресврти, како на пример во вториот сет кој Циципас успеа да го сврти во своја полза на 5:3 и тоа по негатива од 0:3. Алкарас на 5:4 имаше гем топка за израмнување, но Гркот одигра храбро и агресивно и се врати и израмни на 1:1 во сетови.
A ⭐️ is born in New York.
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2021
18-year-old Carlos Alcaraz joins Pete Sampras and Michael Chang in #USOpen history. pic.twitter.com/UjBr8Pa5Kt
Третиот донесе нова драма. Циципас искористи два брејка и поведе со 5:2, но брзиот Шпанец беше упорен до крај, спаси три сет топки и израмни на 5:5, а потоа во тај брејк го доби убедливо со 7:2.
Гркот во четвртиот сет паузата повторно ја искористи за во тоалет, а кога се врати го доби со 6:0 за 2:2 во сетови.
Кулминацијата на големата неизвесна битка се случи во последниот сет кој Алкасар повторно го доби во тај брејк, за крај на драмата кога траеше повеќе од четири часа.