Offside

НБА драфтот се смета на некој начин за големо отворање на новата сезона на најсилната кошаркарска лига во светот. А самиот драфт е спектакл, особено кога се појавува генерација како оваа. Се предвидува дека некои момци од оваа класа ќе напишат нови страници во НБА историјата.

Хет-трикот на Гризман на 8 април

Антоан Гризман сезонава има запишано 14 голови и 11 асистенции за Барселона. Ама баталете ја сега таа статистика и внимавајте му ја онаа дома, врзана на денешен ден со Миа, Амаро и Алба, како и сопругата Ерика се разбира.

Како изгледаше фудбалот пред правилото за фаќање со раце

Го фативте ли времето кога голманите смееја да ја фатат топката со рака откако ќе му ја подаде соиграчот со нога? Помина долго време откако тоа беше дозволено и беше мелем за задржување време. Погледнете Шмајхел и другарите како си поигруваа со нервите германците во финале на ЕП 92, последно Европско на кое тоа беше дозволено. Коментаторот почна да се смее.

Него маџарите се појачале за Европско

Панини треската не застанува, а сега најнов хит е нападот на Унгарија. Во ситуација кога се наоѓаат во пеколната група Ф со европскиот првак Португалија, светскиот шампион Франција, па уште и Германија, беа приморани да повикаат засилување во напад.

Автограмот на судијата од Халанд во ЛШ имал хумана позадина

На никој не му влегуваше во глава необичниот потег на линискиот судија кој по мечот Манчестер Сити – Борусија, му побара автограм на Халанд. Но романскиот арбитар имал цел со кој целосно го оправдува гестот.

Автогол кој никогаш нема да го разбереме

Режисерот на комедијава се вика Микаел Рош кој брани за селекцијата на Тахити, а денеска му честитаат 5 години од невозможниот и нестварен потег кој го изведе во ОФЦ Лига на шампиони која се игра во Океанија.

ЕХФ за Кире: Господар на ракометот

Уште не спласнати импресиите за Пандев, ете ти ја другата наша најголема спортска гордост, Кире Лазаров, величина на која Европа му се поклонува по многу основи. Неговите бројки во Лига на шампиони се следниве: 20 сезони - рекорд, 1.467 - рекорд, а од синоќа и 250 настапи - рекорд. Следен месец дува 41. Каква играчина, такви бројки.

Кире Лазаров стана рекордер во Европа по број на настапи

Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашата спортска икона. Кирил Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва постави уште еден рекорд кој тешко дека некој ќе стигне во догледно време.

На снег во Минхен, Мбапе сервираше студена одмазда, Челси издоминира

228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.

Твит на денот за ѕверовите од средниот ред на Реал

Реал Мадрид не е само Рамос, Марсело или Бензема и не беше само Кристијано Роналдо. Внимавајте добро на фактите за овие дечки вредни злато во средина. Само една исправка во твитот. Крос има три трофеи во ЛШ, бидејќи кога Реал ја почна серијата во 2013/2014, тој играше за Баерн.

Напредок на хероите на ранг листата на ФИФА

Иако очекувавме повеќе после сензационалниот триумф над Германија, сепак Македонија бележи каков таков скок на најновото рангирање на ФИФА.

Акција за душа на едно незаменливо “кралско“ трио

Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.

„Со овие дечки од репрезентација би одел во војна, на Европско ќе играме повеќе од три утакмици“

Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.

Ќе може да се патува на ЕП во Букурешт ама со многу ограничувања

Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.

Фил полека, на ортопедија заврши човекот

Што ти е младост. Фил Фоден е роден 2000-та. Синоќа ја реши Борусија Дортмунд со гол во 90-та минута, а претходно со еден потег реши двајца. Едниот го легна на земја, а другиот остана на нозе, ама како споменик.

Халанд дај автограм да не јадеш црвен

Е ова го немавме видено до сега. Камерата во тунелот по мечот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд го улови линискиот судија како му бара автограм на Халанд. И тоа на картон. Каква апсурдна ситуација досега невидена во Лига на шампиони, па и општо во фудбалот.

Сити се извади на Етихад во 90-та, Реал има ветувачка предност

Фудбалерите на Реал Мадрид го издоминираа Ливерпул и со заслужен триумф од 3:1 ќе патуваат на Енфилд. Ливерпул немаше шут кон гол во прво полувреме. На другиот дуел Манчестер Сити славеше 2:1 во финишот само шест минути откако прими гол.

Генијална асистенција на Крос до Винисиус за водство на Реал

Со головите на Винисиус и Асенсио, Кралевите имаат убаво водство од 2:0 против Ливерпул на првата четвртфинална вечер од ЛШ. Сите во Мадрид зборуваат за топката со очи која Тони Крос му ја даде на Винисиус. Преку цел терен го најде.

Во Загреб вози трамвај во чест на Динамо

Фудбалерите на Динамо Загреб меѓу кои и нашиот Стефан Ристовски, во четврток играат историски дуел во четвртфинале на Лига Европа против шпански Виљареал. Клубот од Максимир реализирал интересна идеја пред овој натпревар.

А го имате ли Панини 92 со Панчев, Најдоски и другарите?

Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.

Корси: Пандев е инспирација за сите, не можам да ги замислам викендите без него

Создадоа еден интересен микс, талент и дисциплина, како и влијание од европскиот фудбал. Многу способен им е и селекторот Ангеловски. Знаеше како да го сплоти тимот и да создаде свесност. Горан има големо срце и се гледа дека другите го следат и дека им е лидер на еден природен начин.

Најдобрите ќебапи кај Дениз во Лајпциг, десетка со кромид за Тимо Вернер

Новинарот на ЕСПН, Арчи Ринд-Тат кој е специјализиран за германска Бундеслига, раскажа за најпознатата кебапчилница во Лајпциг каде редовно доаѓаат познати фудбалери.

Што направи бе мајсторе, не е ова одбојка?

Немања Илиќ од Тулуз го погреши спортот за момент, ама ништо страшно. Гол е гол. Снаодлив е човекот.

Јута Џез растураше додека не дојде Лука Ел Нињо Маравиља

Екипата на Јута е најдобра во цела НБА лига во моментов. Џезерите имаа дури 9 победи по ред, ама Далас Маверикс предводен од Дончиќ им ја прекина серијата.