Најскапо платениот фудбалер во историјата на Баерн Минхен може да оди во затвор во Шпанија

25-годишниот светски шампион со Франција кој на времето беше војник кај Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, на 1 јули 2019-та година потпиша со Баерн Минхен кој за него плати рекордни 80 милиони евра. Никогаш Баварците во историјата не потрошиле толку многу пари за трансфер.

Одличниот бек на репрезентацијата на Франција Лука Ернандез ја освои Лига на нации откако во финале „триколорите“ ја победија Шпанија со 2-1. Но сега се соочува со затворска казна токму на Пиринеите каде пораснал.

Судот во Мадрид го обврзал фудбалерот да се јави на 19 октомври во 11 часот за да избере во кој затвор ќе ја отслужи 6-месечната казна. AS пишува дека во случај да не се појави, по најскапо платениот фудбалер во историјата на гигантот Баерн Минхен ќе биде распишана потерница и ќе се апси.

ЗОШТО Е ОСУДЕН?

Целата драма започнала во февруари 2017-та година. Тогаш уште како играч на Атлетико Мадрид кај Чоло Симеоне, тој бил обвинет за домашно насилство, односно физички напад на девојка му Амелија. Судот ги прогласил за криви двете страни, па им наложил 31 ден општествена работа и им забранил да се приближуваат еден со друг поблизу од 500 метри растојание.

И покрај тоа, парот летово отишол во Лас Вегас и направиле голема свадба, па биле на меден месец во други градови во САД.

Казната им стигнала во јуни годинава кога Лука и Амелија се вратиле во Мадрид со авион од Мајами. На аеродром фудбалерот бил уапсен, а жена му избегнала приведување зошто успеала да докаже дека до тој момент уште не била информирана за забраната за 500 метри растојание од сопругот.

Шпански AS пишува дека доволно било да се вратат од САД со различни авиони, но кога ги виделе заедно излегуваат од авионот на аеродром, Ернандез бил приведен.

Обвинителството во Мадрид барало година дена затвор зошто фудбалерот на Баерн Минхен веќе знаел за забраната за приближување од 500 метри. Судот во Мадрид го осудил играчот на 6 месеци.

Адвокатите на Лука побарале одложување или преиначување на казната во општествено-корисна работа, но жалбата неодамна е одбиена зошто играчот првиот пат не ја довршил првата казна од 31 ден општествено-корисна работа.

Одбраната на фудбалерот повторно упатила жалба на пресудата. Уште постои можност Ернандез да биде ослободен неколку дена пред почеток на мандатот или пресудата во целост да биде поништена.

Во секој случај, тој мора лично да се појави на суд во вторник. Му дале 10 дена за доброволно да одбере каде сака да ја одлежи казната. Лука и Амелија го имаат синот Мартин.

Во интервју за Le Parisien Лука Ернандез изјавил: „Јас ништо не сум слушал за мојот татко веќе 12-13 години. Сега кога и сам станав татко уште повеќе сфаќам што направил татко ми. Фијаско во улога на татко. Ако се сретнам со него, ќе разговараме, ама не можам да замислам да се откажам од син ми. Не би го направил тоа за ништо на светот! Ако треба би спиел под мост за син ми, би го направил тоа.

Лука и брат му Тео Хернандез растеле во Шпанија. Цел живот сакале да играат за репрезентацијата на оваа земја, но на крајот добија повик од селекторот на Франција, Дидие Дешам и со задоволство го прифатиле.

Тео беше повикан во септемвриската репрезентативна пауза и играше од старт против Финска, а Лука ја пропушти таа меѓународна пауза меѓутоа играше сега во Лига на нации. На мечот со Белгија Французите имаа лева страна од браќата Ернандез. Едниот на бек, другиот на лево крило.

Татко им Жан Франсоа на времето бил исто фудбалер. Играл за Тулуз, Сошо и Марсеј а после се преселил во Шпанија и настапувал за Рајо Ваљекано и Атлетико Мадрид. Браќата се родиле во Мадрид и првпат тргнале во школата на Атлетико.

Жан Франсоа ја завршил кариераа во 2002-ра, но ја напуштил и жена му Пи Лоренс со децата Лука и Тео. Се оженил за шпанскиот модел Соне Молдес, така што сега браќата Ернандез немаат посебен однос со татко им.

Поради корените тие можеле да бираат меѓу Франција и Шпанија. Играа за сите младински катеории на француската репрезентација но на поголема возраст сакале да играат за Шпанија.

„Се чувствувам себе како Шпанец, Шпанија ми даде се. Прифаќам да играм за репрезентацијата ако ме викнат“, рекол Лука Хернандез пред Светското првенство 2018.

Во март 2018-та му дошле покани и од селекторот на Шпанија Хулен Лопетеги и од Дидие Дешам, предводникот на Франција. На крај победиле „триколорите“ и Лука изјавил: „Горд сум што можам да ја претставувам својата родна земја“.

 После се правдал за тоа што го изјавувал за Шпанија:

„Кога живееш далеку од Франција и не знаеш многу за репрезентацијата, почнуваш да сомневаш. Но Антоан Гризман ми даде предлог, а ми се и јави селекторот на Франција и ми кажа дека му требам, веќе ни минута не сомневав. Дури ни 30 секунди не се сомневв. Веднаш кажав да. Сфатете ме добро: имам 22 години, 18 живеам во Шпанија. Кога викам Шпанија ми даде се, тоа е вистина, не можам да одрекувам. Таму учев, таму цела фудбалска кариера ми се развиваше“.

Лука (25 години) првиот настап за Франција го имаше во март 2018-та но пред Светското првенство откако Лука Диње падна во втор план во Барселона а Бежамен Менди се повреди и изгуби место во клучен момент од подготовките, така Лука Ернандез стана прв лев бек. Помладиот од браќата, Тео Ернандез (24) во меѓувреме стана лидер и главен играч на Милан. Тој исто сакал да игра за Шпанија но на крај прифатил повик од Франција. Лука досега има 29 настапи за „галските петли“ а Тео 3.

14 октомври 2021 - 09:12