Тур Де Франс ќе се вози низ Данска, Швајцарија и Франција, после 35 години ќе има етапа на Кол ду Гранон

3,328 километри ќе треба да извозат велосипедистите на следното издание на култната трка во 2022 чиј финиш е во Париз.

Организаторите на најпознатата велосипедска трка на светот, Тур Де Франс, и официјално ја претставија целата рута на трката во 2022 која ќе биде на некој начин Euro Tour и ќе проаѓа низ Копенхаген, Белгија и Швајцарија, пред да стигне во Париз.

Стартот на Тур Де Франс е предвиден за 1. јули а крајот за 24. јули 2022. Денес организаторите официјално ги објавија сите патеки кои ќе треба да се извозат.

109. издание на Тур де Франс ќе почне од Данска (13-та странска земја која ќе биде домаќин на една етапа од легендарниот тур). Првата етапа ќе се вози низ Копенхаген, тн. рај за велосипедите, и ќе биде составена од уште две помали дански етапи со вкупна должина од 13 километри пред да се оди на француска територија и да се продолжи од Дункерк.

Од тука (Дункерк) со големиот фаворит 23-годишниот Словенец Тадеј Погачар кој е двократен победник во генералниот пласман на Тур де Франс во 2020 и 2021 и Олимписки бронзен медал од Игрите во Токио 2020, велосипедистите ќе возат по pavé (плочник) од Рубе кон Аренберг пред да се стаса до Белгија каде меѓу Бенш и Лонгви ќе се вози најдолгата етапа од 220 километри.

Потоа од големиот успон на Super Planche des Belles Filles, Тур Де Франс 2022 ќе стигне до уште една странска земја, Швацарија, со коридори меѓу Лозана, Масичо дел Јура, Кол де Мосес, Кол де ла Кроа и Пас де Моржин пред да се стигне до Морцине каде ќе биде првиот ден за одмор.

Интересно потоа следува пат кон Межев па етапата кон Кол ду Гранон, врв од 2.413 метри каде последен и единствен пат Тур Де Франс проаѓал во 1986-та година пред 35 години.

После овој успон следи уште една страшна етапа кон Alpe d'Huez.

На 24. јули големиот финиш е предвиден за Париз односно од La Défense Arena до Елисејските полиња (110 километри).

Tour de France 2022, сите етапи:

1 јули: Copenaghen – Copenaghen (cronometro) 13 km

2 јули: Roskilde – Nyborg 199 km

3 јули: Vejle – Sonderborg 182 km

4 јули: Север (трансфер)

5 јули: Dunkerque – Calais 172 km

6 јули: Lille – Arenberg Port du Hainaut 155 km

7 јули: Binche – Longwy 220 km

8 јули: Tomblaine – Super Planche des Belles Filles 176 km

9 јули: Dole – Losanna 184 km

10 јули: Aigle – Châtel Les Portes du Soleil 183 km

11 јули: (одмор/пауза)

12 јули: Morzine Les Portes du Soleil – Megève 148 km

13 јули: Albertville – Col du Granon 149 km

14 јули: Briançon – Alpe d’Huez 166 km

15 јули: Bourg d’Oisans – Saint-Etienne 193 km

16 јули: Saint-Etienne – Mende 195 km

17 јули: Rodez – Carcassonne 200 km

18 јули: (одмор)

19 јули: Carcassonne – Foix 179 km

20 јули: Saint-Gaudens – Peyragudes 130 km

21 јули: Lourdes – Hautacam 143 km

22 јули: Castelnau-Magnoac – Cahors 189 km

23 јули: Lacapelle-Marival – Rocamadour (cronometro) 40 km

24 јули: Paris La Défense Arena – Paris Champs-Elysées 110 Km

14 октомври 2021 - 15:14