Малку фалеше Роналдо да го повтори најубавиот гол во кариерата со ножички

Кристијано продолжува да прави дар-мар во репрезентативниот дрес. Човекот не застанува. Во триумфот на Португалија 5-0 против Луксембург во квалификации за СП 2022, Роналдо постигна хет-трик кој му стана рекорден 10-ти во дресот на Португалија. Никој никогаш како него.

113-ти, 114-ти и 115-ти гол за репрезентација. Тотален рекордер кој тешко некој да го стигне во догледно време.

Во групата А Португалија славеше 5:0 против Луксембург. Светскиот рекордер по број на голови за репрезентација постигна два гола од пенал во 8’ и 13’ минута. А во 87-ма (уште беше во игра) ги постави конечните 5-0.

Првиот хет-три за својата земја Ронало го имаше во 2013-та против Северна Ирска. А Луксембург му стана најомилена жртва зошто против оваа селекција Кристијано има 9 гола. Против Литванија и Шведска има по 7 погодоци, против Андора и Унгарија по 6, против Ерменија и Латвија по 5, а по 4 против Холандија, Фарски Острови и Естонија.

И против топ репрезентации има одличен учинок: Кристијано има 3 гола против Белгија и Шпанија, 2 против Франција, а со Аргентина и Германија дал по 1 погодок.

Покрај хет-трикот со кој блесна, Роналдо синоќа за малку ќе постигнеше неверојатен гол со ножички, можеби и поубав од оној против Јувентус во Торино во дресот на Реал Мадрид:

 

13 октомври 2021 - 09:21