Offside

Италија синоќа воодушеви со играта и резултатот на тешкото гостување против Турција. Двајца браќа испишаа ново поглавје во историјата на италијанскиот фудбал.

Рутинска победа на Македонија на необичниот стадион во Гибралтар

На едно интересно и несекојдневно игралиште, „Викторија Стадион“ на Гибралтар кој има капацитет од 5.000 гледачи, но денес не беше полн, Македонија како апсолутен фаворит освои важни бодови.

Џорџо Кјелини се расплака кога виде една слика од Јувентус

Големиот Џорџоне, една од најголемите клупски легенди на гигантот Јувентус се прости од својот сакан клуб и оди да доигра уште некој месец во Лос Анџелес за богат договор. Кјелини стави крај на активната кариера во репрезентацијата со која освои Европско првенство лани. Во интервју за БиБиСи, Џорџо се расплака.

Мајсторија на Енис Барди за водство на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација води на Гибралтар 0-1 со гол на капитенот Енис Барди кој после соло акција постигна убав гол за водство кај тоталниот аутсајдер во групата.

Голем и убедлив триумф на Рафа Надал за 14-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот ас од 2005-та година со кратки прекини е асполутен владетел во Париз. Денес ја освои рекордната 14. титула на Ролан Гарос на севкупно 18 настапи со што влегува во вечноста. Во големото финале Рафа го декласираше младиот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:0).

Стигна и компилацијата со најсмешни НБА моменти на сезоната

Во НБА остана отворено главното прашање, она највредното, околу новиот шампион. Првакот го одлучуваат Голден Стејт Вориорс и Бостон Селтикс, а „детелините“ направија брејк на првиот меч и однесоа победа од Сан Франциско за водство 0-1 во серијата.

Навивачки спектакл на Комити, 10 километри долга бакљада

Неколку убави причини имаа навивачите на Вардар за голема прослава во саботата вечер. Се славеше 35-годишнина од основање на групата Комити, 75-ти роденден на Вардар, 15-та титула во ракометното првенство и 5-години од најголемиот успех во историјата на ова спортско друштво - првата европска шампионска титула во ракомет.

Ибрахимовиќ, чекај да видиш што направи едно дете од Австралија

На средбата меѓу Ирак У-23 и Австралија У-23 од Купот на Азија за фудбалери до 23 години во Узбекистан која заврши 1-1, „кенгурите“ поведоа во 45+2' минута со неверојатен гол на Алу Куол кој направи скорпион потег. Куол игра за германски Штутгарт а неговите се од Судан.

Луцидни потези на Пелегрини, ги издрибла Кимих и Горецка како на тренинг

Капитенот на Италија и капитен на Рома, Лоренцо Пелегрини беше најдобар играч на мечот Италија - Германија (1:1) одигран во рамки од Лига Нации во Болоња. Италијанската десетка постигна убав гол а имаше и пар луцидни потези.

Нов испад од првиот човек на Славија Софија: „Јас сум од Битола, Македонија е Југозападна Бугарија“

Венцеслав Стефанов очигледно си нема попаметна работа во овие летни спарни денови, па или дамлата му удрила во ќелавицата или нешто друго е во прашање.

„Ај па да освоиме и некоја титула во новиов дрес“

Волшебникот кој на терен како играч освои се што можеше да се освои, од Лига на шампиони до европски и светски првенства, минатата сезона седна на клупата на Барселона и ја спаси од целосна пропаст. Каталонците беа во долниот дел на табелата, а по доаѓањето на Чави напрвија чудесна победничка серија. Сега им стигна новиот дрес за новата сезона 2022/2023.

25 години од најпознатиот слободен удар кој го изучуваа научници

Легендарниот бразилски бек Роберто Карлос на 3 јуни 1997-ма против репрезентацијата на Франција постигна невозможен гол од слободен удар. Неговиот шут долги години се изучувал научно.

Човек-одлука кој на Аргентина ѝ донесе големи радости

Анхел Ди Марија со право е најсаканиот аргентински фудбалер покрај Меси. На натпреварот Финалисима со Италија, фантастичниот крилен напаѓач постигна гол сличен на неколку претходно со кои на својата селекција и донесе трофеи.

На секој стадион би го исвиркале, во Јужна Кореа доби аплаузи

На пријателска средба како подготовка за Светско првенство, Бразил гостуваше во Сеул и до врв ја наполни мрежата на Јужна Кореа (1:5). Голови дадоа Ришарлисон, Нејмар (2 од пенал), Филипе Кутињо и Габриел Жезус. Кога ѕвездата на ПСЖ излегуваше од игра, илјадници навивачи го испратија со стоечки овации. А досега бил исвиркан на секој противнички стадион во кариерата.

Халанд промашува еднаш, два пати не

Норвешка ја победи Србија 0-1 во 1. коло од Лига Нации. Ѕверот Халанд кој неодамна потпиша со Манчестер Сити, беше стрелец на голот. Прво имаше шанса која што ја промаши, ама втората прилика не ја пропушти за ништо.

Банана и забивање во еден ист напад

Бостон Селтикс направи големо изненадување откако го совлада фаворитот Голден Стејт на гости во првиот меч од големото НБА финале. Селтикс го суредија ривалот со неговото најголемо оружје - шут за три поени. Но имаше и забивања кои вреди да се погледнат неколку пати.

Журка на „детелините“, Бостон Селтикс со голем пресврт до стартен брејк со Голден Стејт

Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Голден Стејт Вориорс на гости со 120-108 во првиот меч од големото НБА финале. Феноменален дуел кој најавува пеколна серија.

Во Шпанија на крај на сезоната падна гол на годината

Во полуфинале на баражот за пласман во најдобрата шпанска лига Примера, Еибар на гости со 0-1 ја совлада Жирона. Одлична предност пред реваншот на гостите им донесе Агер Акече со страшно голчиште од скоро 40 метри.

Македонија одигра одличен фудбал, но со бод се враќа од Бугарија

Во 1. коло од Лига Ц во новата сезона на Лига Нации, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 (1:0) против Бугарија. Игравме подобро, имавме повеќе шанси и поголем посед, но освоивме само бод.

На 2 јуни е роденден на пеналот, како ли е смислен тој чуден удар

Пред 131 година е измислен пеналот во фудбалот. Правило воведено по една итрина на фудбалери на англискиот Нотс Каунти, еден од најстарите клубови на светот. Од лоб удари, Паненки, стативи, пречки, до солзи, емоции, злата на светски и европски првенства.

Какви резултати Македонија има досега со Бугарија?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот го игра првиот натпревар од новата сезона во рамки од Лига Ц во Лига на нации. Мечот ќе се игра на стадионот „Хувефарма Арена“ во Разград кој има 10.422 седечки места.

Меси ја избезуми цела италијанска одбрана

Аргентина ја победи Италија 3-0 во дуелот за трофејот Финалисима, натпревар меѓу европскиот и шампионот на Јужна Америка. Лионел Меси видно многу им се радува на сите пехари освоени со репрезентацијата (ги има севкупно три во цела кариера). Тој беше најзаслужен за трофејот зошто правеше дар-мар со аѕурите.

Аргентина не знае за пораз на 32 меча, имаат 22 победи и 10 нерешени

Аргентина продолжува да испишува историја. Репрезентацијата предводена од селекторот Лионел Скалони кој многу тивко седна на клупата на „гаучосите“, веќе 32 меча по ред не почуствувала горчина на пораз.

Бонучи, оди на одмор, доста е фудбал летово

По дебаклот кој го доживеаа од Македонија, избраниците на Роберто Манчини уште не можат да се соземат. Во средата вечер ги грабна Аргентина со Меси-Ди Марија-Лаутаро и ги растури со 3-0 во мечот за трофејот меѓу јужно-американскиот и европскиот шампион. Леонардо Бонучи за малку ќе си дадеше комичен автогол.

Топовски удар од Партизановци за добредојде на кошаркарите на Звезда

Финалето на јадранската АБА лига за првпат после 9 години ги спои вечните белградски ривали. Од една страна Партизан, од друга страна Црвена Звезда. Влогот? Богата Евролига за победникот. Звезда како првопласирана ги играше првите два меча дома и поведе 2-0 пред своите навивачи.