Тешко дека некогаш ќе се повтори миланско дерби со такви состави

Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.

Интер победи 2:1 со головите на Адриано и Станковиќ а кај Милан стрелаше Пато. Пазете ги тимовите предводени од тренерски величини:

Жулио Цезар, Маикон, Самуел, Киву, Сантон, Камбијасо, Хавиер Занети, Мунтари, Станковиќ, Адриано, Ибрахимовиќ а од клупа влегоа Патрик Виера, Максвел и Николас Бурдисо. Резерви беа уште и Толдо, Кордоба, Фиго, Хулио Круз.

Абијати, Ѕамброта, Малдини, Каладзе, Јанкуловски, Пирло, Бекам, Амброзини, Сидорф, Роналдињо, Пато, а на клупа беа уште и Инзаги, Дида, Емерсон, Фавали, Антонини, Фламини, Сендерос и Каладзе. Во игра влегоа Пипо Инзаги и Сендерос.

Хајлајтс и головите со коментар на легендата Фабио Кареса:

 

17 август 2022 - 13:50