Offside

Италија синоќа воодушеви со играта и резултатот на тешкото гостување против Турција. Двајца браќа испишаа ново поглавје во историјата на италијанскиот фудбал.

Навивачите на Надал и Реал сакаат да си играат со бројки

Во рок од неколку дена, Рафа на Роланд Гарос ја освои титулата број 14, а кралевите стигнаа до 14-та титула во ЛШ. Уредник во весникот АС, кој го води секторот за Реал Мадрид, со проста математика ја пецна Барса за еден многу тежок пораз во ЛШ.

Флиперот за слободни удари

Никола Станчу е еден од оние вечни фудбалски таленти кои каде и да игра ќе дава голови. Да го однесеш од Чаушица па до Реал Мадрид, ќе игра добар фудбал. Романскиот репрезентативец е уште и маестрален изведувач на слободни удари. Има сјајна техника на шут. Во тоа се уверија и Кинезите. Игра за Вухан Три Таунс кој денес со 6-0 го победи некогашниот шампион Гвангжу. Станчу постигна два гола од слободен удар.

Сочувство на денот меѓу хрватскиот и францускиот селектор

Во рамките на 2. коло од Лига Нации, Хрватска и Франција, финалистите од Светско првенство 2018, на сплитски „Пољуд“ одиграа 1-1. Пред натпреварот двата селектори, Златко Далиќ и Дидие Дешам си изразиле сочувство еден на друг.

Кариерата и бројките на маестро Кире заслужуваат документарен филм

Со максимална и целосна посветеност на водење спортски живот, поткрепени со голем талент и квалитет, Лазаров успеа да нанижи долга 27 годишна кариера во која оствари успеси кои илјадници спортисти може само да ги сонуваат. Ракометот како спорт во Македонија со него доби нова димензија и тој едноставно стана синоним за ракомет со кој засекогаш ќе се гордееме и ќе им раскажуваме на внуците. 1 минутно видео кое најдобро покажува кој е Кире Лазаров.

Лазаров: Заминувам со гордо крената глава, а ова е само едно кратко довидување од ракометот

1991 Овче Поле - 2022 Нант. Дојде крајот на волшебната кариера на кралот на ракометот Кире Лазаров. Кариера од епски размери. Долга неверојатни 31 година, (27 во сениорска конкуренција) богата со нестварни 56 трофеи. Па зарем може ли некој да повтори вакво нешто?

Кандидатот за фер плеј на годината е учесник на „Охрид трчаТ“

Македонските прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Него во сандаче ни стигна клип, како еден натпреварувач уште на стартот ногу брзат, ама и буткат деца за да стигнит прв.

Најинтересните моменти од Серија А 2021/2022

Милан е шампион. Интер е втор. Во Лига на шампиони одат уште и Наполи и Јувентус. Лацио и Рома ќе играат во Лига Европа, а Фиорентина во Лига Конференции. Од А испаднаа Каљари, Џенова и Венеција, а од Б дојдоа Лече, Кремонезе и Монца.

Нејмар и другарите влегоа на стадион како да се дојдени по невеста

Бразил ја совлада Јапонија на гости со голот на Нејмар од пенал. Него дајде малце да се расположиме дечки, пријателска е тоа, плус лето иде.

Интересни сцени на мечот Австрија - Данска

Натпреварот Австрија - Данска одигран синоќа во Виена имаше интересни епизоди. Навивачите искористија момент што нема струја на стадионот па правеа бранови со светла од телефоните на класична музика.

Кореецот Сон во улога на медијатор раздвои двајца Чилеанци

Во пријателски меч во рамки од подготовките за Светско првенство, Јужна Кореја со 2-0 го совлада Чиле. После дебаклот 1-5 од Бразил, Корејците наидоа на послаб ривал и славеа со головите на Хванг Хи-чан и најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја Сон од Тотенхем. Токму Сон тргна да раздвои двајца Чилеанци кои ќе се степаа за малку на сред терен.

Ти си наш капетан, ние сме твое пристаниште

Хрватска и Франција одиграа 1:1 во 2. коло од Лига на нации, а мечот го одбележа еден прекрасен гест на навивачите, кој може да служи за пример како треба да се третираат легендите и да се крева националната свет.

Фитиљ решеташе за Хановер и му донесе триумф во последен напад

Филип Кузмановски одигра блескав меч во 32. коло од Бундеслигата во кое Хановер го совлада Ерланген со 28:27. Македонскиот репрезентативец постигна 6 гола, а на околу 20 секунди до крај украде топка и од половина терен стрелаше за победа.

Носталгија на денот со Меси и Чави

Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.

21 година од дебито на Пандев за Македонија

6 јуни, 2001. Турција - Македонија 3:3. Други времиња, структури, селектор, стручен штаб, соиграчи. Сè се менуваше, само струмичката легенда остана и по две децениски мега тешки битки, успеа да си го исполни сонот, свој и на цела Македонија.

Преименувајте го Ролан Гарос во Рафа Надал, време е веќе

Она што го (на)прави „бикот од Мајорка“ на париската црвена земја е за на филм. Таква доминација на еден терен скоро и да немала ниту една друга атлета во друг спорт.

Најјакото уметничко сквернавење на дресот на Реал Мадрид

Дечкото вели дека работел како луд на него и го завршил после 50 часа. Првиот кадар со четката може изгледа језив за секој мадридиста, ама кога ќе го види крајот, во истиот момент ќе сака да го нарача. 20 долари кошта ова ремек дело.

Ваквите Кавани обично мижеечки ги дава

Освен Аргентина, пријателска средба синоќа имаше и селекцијата на Уругвај против САД, ама го одигра најдосадниот резултат 0:0. Единсон Кавани изгледа веќе е со мислите на Малдиви.

Велс не ја пушти Украина на Светско првенство и оди на прв Мундијал после 64 години

Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.

За Италија заигра млад фудбалер за кој никој никогаш не слушнал и намести гол против Германија

Италијанскиот селектор Роберто Манчини сфати дека нешто мора да менува по дебаклите од Македонија и Аргентина, дека аѕурите одат во надолна линија, па се реши да повика еден дебитант за кој ретко кој слушнал.

Безобразно дрска завршница на Џордан Пул од пола терен

Кошаркарите на Голден Стејт го возвратија ударот во вториот натпревар од големото НБА финале против Бостон Селтикс и тоа убедливо со 19 поени разлика.

Луди голови во први и последни секунди за пласман во Ла Лига

Во баражот за прва лига, пред неколку дена Еибар на гости ја совлада Жирона 0-1 со можеби најубавиот гол на сезоната во шпанскиот фудбал. И сè беше спремно малиот симпатичен баскиски клуб да се врати во елитен ранг, ама Жирона направи целосен пресврт во реваншот и со ремонтада 0-2 оди во Ла Лига!

Меси - Естонија 5:0

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.

Фер плеј потег на Џани Алиоски награден со аплаузи од сите присутни

Македонската фудбалска репрезентација очекувано го совлада тоталниот аутсајдер Гибралтар со 0:2 (0:1) и по ремито со Бугарија сега има 4 бода. Мечот ќе се памети по бравурите на Барди и Николов кои беа стрелци на головите, но и по потегот на Џани Алиоски кој прекина една убава акција на Македонија поради тоа што противнички играч лежеше на тревникот.