Втора заврши Германката Малаика Михамбо (двократна светска и актуелна олимписка шампионка) со скок од 7.03 метри а Џасмин Соерс освои бронзен медал по скокот од 6.80 метри.
Норвешкиот феномен Јакоб Ингербритсен ја одбрани шампионската титула на европското првенство во дисциплината 1.500 метри откако славеше и во Минхен и тоа со поставен нов рекорд на Европско атлетско првенство на оваа дистанца која ја истрча за 3:32.76 минути.
Ингербритсен е и олимписки шампион во оваа дисциплина а на Европското во Минхен освои златен медал и на 5.000 метри.
Ингебритсен мина прв низ целта пред Британецот Џејк Хејворд (3:34.44) и Марио Гарсија од Шпанија (3:34.88). Актуелниот светски шампион на 1.500 метри, Британецот Џејк Вајтман донесе одлука да трча на 800 метри на Европското атлетско првенство во Минхен и испадна во директен дуел со Ингебритсен.
Италија по феномеланиот Ламонт Марсел Џејкобс кој пред два дена победи на трката на 100 метри, го освои златниот медал и стана само третиот човек во историјата кој освоил злато на Олимписки Игри и веднаш потоа на Европско првенство, може да се пофали и со златниот Џанмарко Тамбери кој освои златен медал во скок во вис.
Тамбери, исто како и Џејкобс е олимписки шампион а ова му е второ европско злато. Џанмарко скокна 2.30 сантиметри и беше подобар од Германецот Тоби Потие и Андриј Проценко од Украина кои достигнаа 2.27 см.