Видео и говор на Мурињо кое дури сега добива на тежина

Од играч кој беше меѓу топ5 во цела Премиер лига и кој растураше во Лига на шампиони и за репрезентацијата на Англија, Деле Али падна страшно во форма па не само што е резерва во Евертон туку се зборува и дека е на прагот од трансфер во турско првенство, со секоја чест за оваа богата Суперлига.

Во серијалот „Се или ништо“ (All or Nothing) кој го скоцка Amazon Prime Video и кој беше посветен на тоа како изгледа деноноќие во Тотенхем под водство на Жозе Мурињо во 2019-та, во една епизода Португалецот му дава краток и јасен совет на Деле, тогаш во благ пад на формата.

 

17 август 2022 - 15:26