Вест Хем има нов миленик од Италија како на времето Ди Канио

Дваесет и три годишниот корпулентен шпиц на репрезентацијата на Италија, Џанлука Скамака (висок 195 см) летово за 36 милиони евра од Сасуоло дојде во Вест Хем и стана прв италијански шпиц после Ди Канио кој толку многу ги загреал навивачите. Во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Конференции Скамака даде дебитантски гол.

„Чеканите“ победија 3-1 со головите на Скамака, Џарод Боувен и Микаел Антонио

19 август 2022 - 09:58