Offside

Манчестер Јунајтед е дно дна од клуб по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Кога ќе помислите дека не можат полошо, тие сепак можат. Елиминирани се во Куп од клубче вредно 3,1 милиони евра.

ФИФА му стегна нова суспензија на Сеп Блатер до 2028

Поранешниот прв човек на ФИФА доби и висока парична казна од 780.000 фунти, а истото го снајде и тогашниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валк.

Фудбалската месарница на Брентфорд - Сканторп

Видеово датира од меч одигран пред неколку години во англиската нисколигашка касапница. Можеби сте го виделе досега, ама не е на одмет да се потсетиме. 9 жестоки „колења“ за 17 секунди, само 1 досуден фаул и 1 жолт картон. Ова е фудбал.

Судија, гледам одамна не си јадел флаша

Прво имавме бугарско фудбалско насилие, па прилепска фудбалска расправија, па на ред дојде српска фудбалска лакрдија. Сето тоа од нисколигашкиот фудбал, каде премија е да се вратиш дома читав ако си судија.

Најјакиот гол во кариерата на Крауч

Питер беше стап висок 201 см и се изнаигра фудбал до 38 години, а се пензионираше 2019-та како играч на Барнли. Го држи рекордот во Премиер лига по број на постигнати голови со глава, ама најголемата мајсторија во кариерата ја направи со нога на денешен пред 9 години против Сити. Извонредно одиграно.

Почнуваат квалификациите за Светско првенство 2022

Поради преместување на Европското првенство 2020 за летово, репрезентациите одамна не играле сериозни натпревари. Македонската фудбалска селекција својот последен меч го одигра на 18 ноември лани против Ерменија на гости во Лига на нации.

35 години од стартот на златната ера на Милан со Берлускони

31 година - 29 трофеи или во превод најтрофеен газда во историјата на Милан со 8 Скудета, 7 Супер Купови на Италија, 5 Супер Купови на Европа, 5 Лига на шампиони, 2 Интерконтинентални Купови, 1 Куп на Италија и 1 Светско клупско првенство.

Срамна тениска местенка во Хрватска

За работи за руско - хрватска пресметка на челинџерот во Задар меѓу 34 годишниот Иван Неделко и 16 годишниот Ноа Вукадин. Ветеранов важел за голем фаворит, ама грешките против малиот во прв сет му се апла видливи дека му се намерни. Првиот сет го губи 4:6, а потоа го врти мечот со 6:2 и 6:1.

Како Лукаку ослабел 7 килограми во Интер

Или ние испуштаме нешто многу вкусно или Лукаку има чуден вкус за храна, трето нема. Бил ептен навлечен на пица со ананас, која нутриционистот на Интер му ја забранил. Пица со нутела сме пробале и ептен оди, ама комбинацијава печено тесто со овошје нешто не ни штима.

Цепелин на вечерта во НБА

Бруклин Нетс без отсутните Ирвинг и Дурент, продолжува да меле во НБА. Синоќа го совладаа Портланд 116-112 ама шоуто го украде Дерик Џонс Џр. од Трејблејзерс.

Фудбалското патешествие на Ивица Олиќ и како се возел во автобус со идолот Роналдо

Откако направи фантастична играчка кариера, некогашниот талентиран бисер на НК Марсонија со румени образи тргна во фудбалска Одисеја. Ја потврди својата класа во Баерн Минхен, а денес стана тренер на ЦСКА Москва. Интересен пат.

Исто ти е дали губиме 5:0 или 6:0

Дунавац - Бродарац, лето 2012-та. На голманот му дојде преку дур со таков резултат, па барем се запиша меѓу стрелците.

Злоставување на фудбалски терен за ТикТок потреби

Ако бе забављајте се, еден живот е. Плус и на интернет ќе ве има.

11 годишна навивачка го расплака голманот на Ѕвезда со Зајди зајди

Црвена Ѕвезда имаше посета од девојче од Косово, голем фан на клубот, особено на голманот Милан Борјан. Се стопи и се изнаплака кога го виде, но успеа и таа него да го расплаче кога му ја отпеа најпознатата изворна македонска песна. Доста топла и емотивна средба која заврши со шутирање пенали.

Македонија во албумот со сликички Панини

Култниот албум од италијанскиот гигант Панини наскоро треба да го пушти во продажба своето најново издание за Европско првенство. Во него ќе се најдат и најдобрите македонски фудбалери чии сликички со задоволство ќе ги лепиме.

Интервју на Зоран Михајлов со еден од основачите на ФК Вардар

Имаме доста јако историско парче снимено годината кога е формирана навивачката група Комити. Ќе дознаете лично од играч на Вардар како го формирале клубот и како ги добиле првите дресови од Виена, како и за првата топка кога се збуниле кога ја напумпале бидејќи била како јајце.

Малер на колото од затвор

Пишавме за најубавиот гол минатиот викенд кој го даде фудбалер на француски Лориен за конечни 1-1 на гостувањето кај Нант. Е тој гол во 88' минута од мечот спасил еден дечко од неприлики.

Цела фудбалска репрезентација на Белизе за малку киднапирана

Фудбалерите на Белизе имале голема среќа и само поради благовремена реакција на полицијата избегнале киднапирање по доаѓањето на Хаити на меч од квалификациите за Светско првенство 2022.

Како Златан се ослободи од чуварот на Фиорентина

Милан викендов ја совлада Фиорентина со 2:3, но има една многу спорна ситуација која мина незабележано. При постигнувањето на голот за 0:1, Ибрахимовиќ дрско се ослободува од својот чувар Валентин Есерик кој се побуни на Инстаграм дека срамно е што не им го поништиле голот.

Пикси денес да излезе на терен, ќе биде подобар од сите

Фудбалската репрезентација на Србија од неодамна доби нов селектор, Драган Стојковиќ - Пикси, легендарното фудбалско име. Уште на првиот тренинг на собирот на селекцијата, Нишлијата покажа зошто го сметаат за еден од најдобрите на овие простори. Србија ја чекаат дуели со Република Ирска и Португалија.

Ибрахимовиќ се расплака на прес

После цели 5 години отсуство од репрезентацијата на Шведска, Златан се врати во селекцијата со која играше на неколку големи натпреварувања. На прес конференција во пресрет на дуелите од квалификациите за Светско првенство 2022, Златан се расплака кога зборуваше дека не ги видел децата и сопругата поради строгите пандемиски мерки.

Админот на Беневенто Балкан Фанс пуштен на најјако

Јувентус - Беневенто 0:1, (коефициент 14 за двојка) е шокантен резултат и за Јуве и за навивачите, а и за кладилница се разбира. Најсладок од сеирџиски аспект е за Беневенто Балкан Фанс. Пет статуси врзаа после сензацијата.

Приказна за железничарите на Интер - физиотерапевти од колено на колено со векови

И славниот милански Интер има свое: „Иди кај железничарот“ кога некој од фудбалерите ќе свитка нешто на тренинг или на натпревар. Ова е приказна за династијата Делакаса кои со децении работат како масери на „Џузепе Меаца“.

Детево на Барса се вика Сержињо или Роналдињо?

Прво се појави Фати, па Педри, па не знам кој. Не можеш да им ги пофатиш децава, ко печурки никнуваат. Додуше Сержињо Дест од Ајак го купија, ама без разлика, полни се со перспектива и опасна младина која не знаеш од кај ќе нападне. Погледне го, душа им извади по десно.

Легендарниот слободен удар на Чилаверт од своја половина

Кој не чул за Хозе Луис Чилаверт, ништо не знае за јужноамерикански фудбал. Зборуваме за вториот најдобар стрелец меѓу голманите на сите времиња кој постигна 59 комада и уште 8 за селекцијата на Парагвај. 48 му се за Велез каде играше една декада.