
Во неделата вечер натпреварот меѓу второпласираниот тим во Лига Про, првата лига на Еквадор, Аукас и последнопласираната Макара заврши 1-1, но предизвика голема бура.
Цели 90 минути мрежите мирувале и на теренот немало ништо спектакуларно. Но во судиското продолжение, главниот судија најпрвин досудува пенал за гостите кои во 90+10’ го реализира Луис Канга за 0-1 а само неколку секунди подоцна свири пенали за домаќинот Макара.
Факундо Родригез бил прецизен за конечни 1-1 во 90+13’ минута.
И после тие две епизоди, помошници од клупата на Макара му се пуштаат на главниот судија кој на два пати е буквално нокаутиран од помошникот тренер Ектор Чирибога кој брутално го удира. Тој поделил три црвени картони (1 за домаќините во 86’ минута и два за гостите во 90+19’ минута од продолжението).
Agreden árbitro durante partido entre Macará Vs. Aucas en Ecuador. pic.twitter.com/X6HBgKEIT9
— Janosik García (@Janosikgarciaz) August 21, 2022
Еквадорските судии, колегите на Алекс Кахас, под закрила на Здружението на еквадорски фудбалски судии (Aedaf) соопшти дека стапува во протест и поради тоа е одложено цело следно коло во првата лига. Во знак на солидарност со Кахас, судиите одбиле да судат додека нешто драстично не се смени во односот кон нив.