Барселона уште не го пријавила најскапото засилување, ако не успеат до 31 август, си оди бесплатно

Младиот 23-годишен француски стопер Жил Кунде беше главна ѕвезда на преодниот рок, и тоа второ лето по ред. За неговиот потпис беа загреани сериозни клубови, Челси беше најцврсто намерачен, но на крај Французинот се реши за Барселона каде сакал да оди по секоја цена. Ама...

Жил Кунде (23) летово од Севиља каде блескаше како командант на одбраната, премина во Барселона за 50+5 милиони евра со што стана најскапо продаден играч во историјата на андалузискиот клуб.

Каталонците водеа жестока битка со конкурентите за Кунде а интересно откако го договорија Кунде, ставиле клаузула на 1 милијарда евра за секој оној што ќе помисли да им го откупи. А сега се испоставува дека снажниот стопер може да замине бесплатно без да заиграл минута на „Камп Ноу“.

КАКО ТОА?

 

Барселона пред мечот со Рајо Ваљекано во 1. коло од шпанска Ла Лига, регистрирала 4 од 5 нови засилувања: Роберт Левандовски, Франк Кеси, Андреас Кристенсен и бразилскиот репрезентативен шпиц Рафиња. Кунде останал единствен од звучните имиња кого не го регистрирале.

За такво нешто на Барселона и требале дополнителни 20 милиони евра според прописите.

Цела недела од стартот на Ла Лига ништо не е сменето. Твитер налогот Què T’hi Jugues напиша дека Французинот би можел бесплатно да го напушти клубот ако до 31 август не го регистрираат. Таков услов е пропишан во договорот.

Тренерот Чави изјави пред некој ден дека регистрацијата на Кунде е приоритет на клубот.

„Ние ништо не знаеме, во фаза на чекање сме. Кунде е прав лидер и одличен фудбалер. Се надевам дека скоро ќе може да покаже, утре например дека ќе може да заигра. Добро тренира, во добро расположение е. Но ни треба да продаваме фудбалери за да го регистрираме. Трансфер преодниот рок затвора на 31 август и уште не знаеме што ќе се случува. Обамејанг и Депај уште се со нас, но приорите ни е регистрацијата на Кунде“.

Кога се испоставило дека нема да биде регистриран ниту до второто коло на Ла Лига, се појавила информација за незадоволство кај Кунде. Diario Sport пишал дека нема никаква јаснотија дека Барса ќе го регистрира Французинот Кунде до 3. коло за мечот против Виљареал.

Новинарката на COPE, Елена Кондис Едо пишала дека заминувањето на шпицот Мемфис Депај (најверојатно во Јувентус) би и донел на Барса околу 12 милиони евра, а Ла Лига бара скоро два пати повеќе за регистрацијата на Жил Кунде.

Каталонците преговараат и за продажба на Обамејанг (Челси), Сержињо Дест и Самуел Умтити.

По триумфот над Реал Сосиедад тренерот Чави спуштил топка:

„Ситуацијата со излезните трансфер не ме трвожи. Секој сам си одлучува за својата иднина. Ме загрижува ситуацијата со Кунде. Тој денес можно е да играше за нас.

Да не ме разберете погрешно, нашата управа прави неверојатна рбота. Но криво ми е што го потпишавме за да игра на терен. Фудбалерот се сфаќа. Дајте да видиме што ќе биде понатаму, ќе имаме ли успех по тоа прашање“, рекол 42-годишниот Чави.

23 август 2022 - 10:46