Ла Лига му го избриша жолтиот картон на шпицот на Виљареал за прослава на гол

Виљареал во четврток игра против Хајдук во Сплит плејоф за пласман во Лига Конференции и ќе брани победа од 3-1. Во неделата „жолтата подморница“ му одржа лекција на Атлетико во Мадрид и славеше 0-2 со головите на Јереми Пино и Херард Морено.

Вториов реализираше во 90+7’ минута и на непримерен начин го прослави голот пред домашните навиачи за што доби жолт картон. Ла Лига сега му го избриша зошто сметал дека нема ништо злонамерно.

„Кој ме познава, знае дека никого не сум омаловажувал. Тоа е прослава која ја правам за својата ќерка која го плази јазикот“, изјавил шпанскиот репрезнтативец на крајот од мечот на стадионот „Ванда Метрополитано“ каде илјадници навивачи и домашните фудбалери збеснаа поради овој гест кој го повторува секоја сезона.

 

24 август 2022 - 14:45