Венеција смисли генијален потег како да ги изигра глупите правила на интернет

Најдобрите Топ5 фудбалски лиги имаат строга заштита на авторските тв права, па не може туку така лесно некој клуб да си објавува хајлајтс, најдобри моменти од натпреварите или голови кога ќе му текне. Така е и во италијанската Серија Б каде е забрането споделување видеа на други онлајн платформи освен на AdPlay Media Holding.

Клубовите не смеат да објауваат хајлајтс на своите Јутјуб канали, на ТикТок ниту на Твитер и други платформи осум дена по одиграниот меч.

Ама Венеција реши да го изигра ова правило па така креирале Твитер профил Venezia Classics на кој објавуваат видеа во црно-бела снимка од натпревари од сезонава.

Мечот со Џенова во Серија Б кој го изгубија 1:2 го претставиле вака:

„Годината беше 2022 и Венеција ја пречека Џенова во првата рунда на отворањето на сезоната 2022/2023. И двата клуба испаднаа од Серија А минатата сезона и најавуваат дека имаат намера да се вратат, а Лигуријанците победија со доцниот гол на Келвин Јебоа“.

И не само видеото со најдобрите моменти и голови од натпреварот со Џенова, туку и фотографиите и други твитови им се од носталгичен карактер. На пример голот за 1:1 на средбата со Џенова го дал Денис Јонсен за кого после напишале твит со слика од неговата прослава на голот: „Каде игра сега норвешкото крило“? Сосема е точно дека веќе вакви крила не се произведуваат“. 

24 август 2022 - 10:48