Пред автоголот на Павков навивач го принуди судијата да свирне фаул

Тешка глупост се случи на Маракана на неколку секунди пред Милан Павков да си ја забие во гол по кој Црвена Звезда остана без пласман во ЛШ. Судијата во таа акција досуди предност, а потоа од трибина се слуша свирче по кое се пишмани и го досудува прекршокот во опасна зона. Дури и гостинските играчи се бунеа за задоцнетата судиска одлука. Што ти е фудбалот. Што ли ќе беше ако навивачот не се изглупираше?

24 август 2022 - 15:42