Во недела се вози трката за Големата награда на Белгија, која по се изгледа ќе биде последна на оваа патека во Ф1 во догледно време затоа што раководството на Ф1 реши во својот календар после Мајами да го уфрли и Лас Вегас и Катар.
Патеките во Белгија и Франција се најверојатно двете кои ќе бидат „прецртани“ од актуелниот список.
„Штета искрено, ова е една од најдобрите патеки. Многу историја има тука, баш како кога зборуваме за Монако или Монца, мислам дека сите овие три патеки мора да бидат во шампионатот на Формула 1. Колку што знам, ништо не плаќаат, а во календарот се“, изјави 22-годишниот Ландо Норис, Белгиско-Британски пилот на Мекларен, роден во англиски Бристол.