Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Данско зига-зага

Копенхаген може гордо да се пофали дека е еден од ретките клубови кои не примил гол од страшниот Манчестер Сити на Гвардиола. Во 4. коло од Лига на шампиони данскиот првак одигра 0-0 со „граѓаните“, а навивачката група Sektion 12 имаше свое шоу.

Дрон се појави на фудбал во Шведска, голманот имаше одговор

Во 26. коло од втората шведска лига Суперетан, лидерот Халмштад водел 2-0 но на крај изгубил 2-3 од Ергрите кој се бори за опстанок. Халмштад е прв во 52 бода и брка пласман во елитното друштво. Стартот на вториот дел накратко го прекинал дрон за кој гостинскиот голман Робин Валиндер имал лесно решение.

Го прашаа Пеп зошто е толку тешко да се освои Лига на шампиони

Најдобриот тренер на денешницата, Пеп Гвардиола освои сè што може да се освои во клупски фудбал, а неостварена желба му е трофеј со Манчестер Сити во Лига на шампиони. Неколку пати стигна до самата завршница, еднаш и во финале ама изгуби од Челси. Еве му го одговорот зошто е тешко да се освои.

Полска солидарност за Шахтјор на мечот со Реал во Варшава

На стадионот „Полска армија“ во Варшава, дом на клубот Легија, синоќа Шахтјор Доњецк го пречека Реал Мадрид. Тимот од Украина сезонава игра во разни градови поради воената состојба во оваа земја, а најчесто се домаќини во Полска. Пред средбата со „кралскиот клуб“ полските навивачи заедно со Украинците направија кореографија во знак на солидарност со Украина.

Рудигер крвареше за голот на Реал Мадрид во последна секунда

Шахтјор Доњецк е најпријатна приказна досега сезонава во Лига на шампиони. По воениот конфликт во Украина, овој клуб кој веќе неколку години се сели од град во град, сега игра со свои деца, фудбалери од нивната академија и во таква ситуација собра 5 бода во сериозна група на Лига на шампиони. Синоќа го имаа во рака големиот Реал Мадрид буквално до последни секунди кога стоперот Антонио Рудигер извади голем бод за „кралскиот клуб“. И притоа крвареше за тој гол.

Како дуелот Милан - Челси отиде во еднонасочна улица по судиска грешка

Преку 70.000 навивачи на Милан го наполнија „Сан Сиро“ и чекаа нивниот тим да му се реваншира на Челси за минатонеделниот убедлив пораз од 3:0.  Се испостави дека главниот судија на мечот, 38-годишниот Германец Даниел Зиберт реши да биде во главна улога па уште во 17’ минута досуди спорен пенал за Челси и му покажа директен црвен картон на Фикајо Томори после што домашните со играч помалку немаа што да бараат со реномираниот противник.

Челси после спорен пенал го совлада Милан, Реал се спаси со Шахтјор во последни секунди

Сините од Лондон со 0-2 го победија Милан на „Сан Сиро“ и во рок од неколку ден ја забележаа и втората убедлива победа против истиот ривал. Бенфика спаси голем бод со ПСЖ на гости а Рудигер го извади Реал Мадрид буквално во последни секунди против подмладениот и храбар Шахтјор.

Концептот на работа на Малдини преку 10 важни поенти

На фестивалот за спорт во Тренто, впечатлив говор имаше Паоло Малдини кој зборуваше за неговата функција во Милан, тешките почетоци, стратешките потези, соработката со газдите...

Од финалист за песна на Евровизија, до тренер на шпански Елче

По игра на случајноста, каталонскиот тренер станал професионален пејач и се појавил на најпознатиот шпански фестивал во Бенидорм во 1994-та.

Кире Лазаров - Дефиниција за величина

За три месеци ќе го има дебито како селектор на Македонија на Светско, а за два дена, во среда од 19 часот против Луксембург ги стартува и првите квалификации за Европско. Сето ова, само во улога на предводник на репрезентативците, без да им помага овој пат. Најновото видео од легендата, нека служи како мотивација за момците од кои очекуваме и без Кире да го обелат образот и да ја радуваат нашата ракометна нација.

Не го лути Гатузо, почна да крши и да мава

Џенаро Гатузо, познатиот пит-бул во европскиот фудбал работи солидно како тренер на Валенсија откако летово го презеде клубот. „Лилјаците“ во Ла Лига се на седмо место после осум кола и имаат 4 победи, 1 нерешена и 3 порази со гол разлика 14:8. На послендиот меч на гости ја победија Осасуна 1-2 а црвен картон од клупа доби Диакаби поради протест, па Гатузо збесна.

Пица на мирот во Серија А

Џовани Барсоти од DAZN, платформа која ги има тв правата за италијанско, ја има фотографијата на сезоната, која е многу повеќе од еден фудбалски натпревар.

Серхио Рамос доби два жолти и црвен за 10 секунди, апсолутен рекордер е во Европа по исклучувања

Ѕвездениот состав на Парижаните не успеа во саботата да слави на гости кај Ремс и одигра само 0-0. Поради зборови кои не му се допаднале на главниот судија, Серхио Рамос доби два жолти картони за само десет секунди и го пратија на туширање во 41’ минута од првиот дел.

Шоуто на Педри на мал простор и драмата пред голот на Барса

Со гол по 17 минути игра, Педри ја реши Селта и во очи на Ел Класико ја одржа Барса прва пред Реал, само поради подобрата гол разлика. Погледнете ги овие дриблинзи и контрола на топка на само 19 години. Во финишот Каталонците едвај се спасија да не примат гол.

За автогол од 60 метри нема утеха

Без никаков резултатски притисок бидејќи водат 0:2 и се игра 91-ва минута, а ниту па и голем притисок од чуварот, играч на Риед во првата австриска лига се решава да му ја врати на голманот на чуден начин. Волфсбергер - Риед завршува 1:2. Единствена логика има ако ја играл ГГ3+.

Судија да облечеше и дрес од Кремонезе ако не?

Со 7 победи и 2 нерешени, Наполитанците и натаму се лидери во Серија А, а денеска го совладаа Кремонезе со 1:4. Интересна ситуација се случи при еден слободен удар, кој судијата очигледно не очекуваше така да се одвива, па на Распадори му се постави ко Јап Стам.

Мадридска комбинација за прв гол на Роналдо сезонава во Премиер лига

Скроз несвојствено за калибар на играч како него, Кристијано Роналдо стигна до првиот сезонски погодок во Премиер лигата по дури 8 минати кола. Гол за победа на Манчестер Јунајтед, како и јубилеен со број 700.

Македонија во многу тешка група, пак ќе играме со Италија

И тоа не само Италија, туку и Англија, а две одат на Европско.

Меси на еден обичен тренинг направи чуда

Лео во пресрет на Светското првенство 2022 каде ќе ја предводи својата Аргентина како капитен, игра во сјајна, препознатлива форма. За ПСЖ растура од почетокот на сезоната, а за клуб и репрезентација досега од почеток на сезонава има 12 гола и 8 асистенции. Дека е одлично расположен покажа и на еден тренинг.

Излезе видео од тепачката во Голден Стејт Вориорс

Кај НБА шампионот баш не цвета цвеќе. На еден од последните тренинзи, 32-годишниот тешкаш Драјмонд Грин со сета сила го нокаутираше 23-годишниот плеј Џордан Пул на очиглед на цела екипа и тренери кои тргнаа да ги раздвојуваат. Причините се нејасни а Грин подоцна јавно и се извинил на екипата.

Кој би рекол: Зангиев од Стрит Фајтер играта е правен според реален борач

Виктор Зангиев (роден 26 мај 1962 во Хабаровск, СССР) бил професионален советски борец, голем шампион во неговото време и популарен повеќе на Истокот.

Очајот на Роналдо на Кипар во 45 секунди

Тешко дека ќе најдеме друга сезона од кариерата на Роналдо со само еден постигнат гол после два месеци фудбал. И тоа од пенал во Лига Европа против Шериф. Во Премиер лига 6 настапи, 0 голови. Синоќа беше стартер против Омонија на гости, ама без никаков личен учинок.