Offside

На 5 кола до крајот на германскиот шампионат, Баерн има +12 пред Дортмунд, што значи дека му преостанува уште математички да ја осигура титулата. Каде ќе се изгравира нивното име кога просторот на трофејот е полн со прваци?

Четири гола на Мбапе, хет-трик за 7 минути

Олимпијакос и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар кој уште долго ќе се раскажува. Реал водеше, грчкиот шампион постојано се враќаше. Килијан Мбапе даде 4 гола и влезе на вечната листа ретки мајстори со 4 гола на 1 натпревар во Лига на шампиони. Французинот кој во 2018-та стана светски шампион, синоќа за 7 минути од 22-ра до 29-та постигна три гола на „Караискаки“.

Нема навивач на Манчестер кој не ја памети акцијата од Бербатов

Димитар Бербатов за четири сезони во Манчестер Јунајтед постигна 56 гола. Некои од нив се посебни, како овој на денешен ден пред 15 години. Реткост е играч со број 9, вака да сработи акција. Цела од почеток до крај, па уште и да реализира.

ЕХФ го величи Митревски со топ листа на одбрани

Еурофарм Пелистер го доживеа седмиот пораз во 9. коло од ЛШ. Магдебург беше подобар противник и си замина од Битола со триумф од 26-31, но си имаше мака со феноменалниот Никола Митревски кој запиша 11 интервенции. ЕХФ му издвои топ 4.

Реал и ПСЖ примија по 3 гола а победија, Арсенал го нокаутираше Баерн Минхен

Неверојатно ефикасен фудбал се играше вечерва во Лига на шампиони. Ливерпул е потопен на свој терен од ПСВ Ајндховен кој му даде 4 гола на „Енфилд Роуд“. Килијан Мбапе сам даде 4 гола против Олимпијакос кој јуначки му одигра на Реал Мадрид. Пари Сен Жермен со 5-3 го совлада Тотенхем а Арсенал докажа дека игра најубав фудбал во моментов.

Жељко Обрадовиќ даде оставка, веќе не е тренер на Партизан

Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ веќе и дефинитивно нема да го предводи КК Партизан кој навлезе во катастрофална резултатска криза. Обрадовиќ им се обрати на навивачите во отворено писмо објавено на страницата на клубот.

Тотенхем е на пиадесталот со трол видеа

Кутрите 64 години чекаат титула во Англија. На последниот меч загубија 4:1 од Арсенал, резултат кој се смета за огромен дебакл во градско дерби. Гори нетот после поразот.

Карлос Тевез на улица?

Двојник на легендарниот аргентински фудбалер, во дрес на Бока Јуниорс, омилениот клуб на Карлос Тевез за кој се изнаигра и изнадава голови. Човек стварно да се штукне од памет да го види како ти брише шофершајбна.

Промовиран првиот шпанско–македонски фудбалски речник

Во речникот се претставени сите 20 клуба од Ла Лига. Содржи стручни термини, но и зборови од разговорниот јазик и претставува значаен ресурс за фудбалерите, тренерите и сите спортски работници. 

Кедев: Се чудам што сè уште сум тука

Познатиот кардиологот и алпинист, Сашко Кедев, 2025-та ќе ја памети доживотно. Го доврши подвигот кој изгледаше нестварен. Стана прв Македонец кој ги искачил 14-те највисоки врвови на светот од над 8.000 метри. Конечниот исход на сето ова вели дека е смиреноста.

Пеп откри зошто изгубиле дома од Леверкузен

Баер Леверкузен направи големо изненадување откако го совлада Манчестер Сити кој до синоќа победил дури 12 натпревари по ред против германски противници. Со головите на Алехандро Грималдо во 23-та минута и Патрик Шик во 54-та, Леверкузен славеше 0-2. Пеп Гвардиола откри зошто изгубиле

Дортмунд промаши два пенали на ист натпревар првпат после '97-ма

На 5-ти ноември 1997-ма година Борусија Дортмунд во групна фаза од Лига на шампиони ја победила Парма 2-0 со два гола на Андреас Милер. На тој натпревар младиот 19-годишен Џиџи Буфон им фатил два пенали на Германците, на Шапуиза и на Милер. Синоќа Борусија Дортмунд со 4-0 го совлада Виљареал во Лига на шампиони и пак промашија 2 пенали на еден ист натпревар, првпат после цели 28 години.

Голема утка на Торес на Стемфорд Бриџ

Барселона си замина од Лондон со убедлив пораз од 3:0. Уште во 5-та минута од стартот на мечот, ја имаа шансата на вечерта, која беше чиста како солза за 0:1. Но, на Торес нишанот му беше тотално изместен.

Лука намерно го турнаа, па соиграчи скокнаа за него

На 3 минути и 33 секунди пред крајот на градското дерби ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс кое го добија Лејкерси 135-118, кошаркарот на Клиперс Крис Дан намерно го турна Лука Дончиќ на паркетот а овој при падот се удри во Леброн Џејмс. Стана лидерот на Лејкерс да се пресмета со Дан кој со цел памет уште го удри и соиграчот на Дончиќ Џејсон Хејс.

Не ти е глупо во ЛШ да глумиш вака?

Дарил Бакола од Марсеј (во Пештани има еден Бакуле, бивши фудбалер), уште на 17 години не ја учи лекцијата како што треба. На мечот против Њукасл, на голема сцена наречена ЛШ, паѓа од контакт со воздухот. Треба една рубрика да им отвориме на овие.

Другар, ова е потешко да го промашиш

Имаме нов сериозен кандидат со клип од Австралија, кој ќе влезе во најтесна конкуренција за промашување на сезоната. Нереално е како му успеа ова.

Нова лудорија на Лука Дончиќ, постигна страшни 43 поени

Словенечкиот репрезентативец игра сезона од соништата. Во петтата последователна победа на ЛА Лејкерс, овојпат убедлива 135-118 против градскиот ривал ЛА Клиперс, Дончиќ направи шоу.

Навивачите на Челси го навредуваа Ламин Јамал

Во духот на англиските фудбалски стадиони каде од трибините секогаш се навредуваат ривалските играчи, така навивачите на Челси синоќа додека нивниот тим ја испегла Барселона 3:0 му викаа на Ламин Јамал: „You're just a shit Estevao“ односно „Ти си срање верзија на Естевао“, нивниот фудбалер од Бразил Естевао.

Од Лига на шампиони се селиме во Новаци

Мартин Андоновски од Новаци, го има голчиштето на неделата и месецот во македонската втора лига, на мечот против Шкендија Арачиново. Ваков слободен удар нема да видите во ЛШ цела сезона. Балонка.

Баер го освои Етихад, Барселона декласирана на Стемфорд Бриџ

Големи победи за Баер Леверкузен и Челси во 5. коло од Лига на шампиони, кои ги совладаа Манчестер Сити и Барселона. Јувентус губеше од Бодо Глимт, но стигна до трите бода во 91-ва минута. Наполитанците ја оправдаа фаворитската улога против Карабах. 15 минути за Елмас.

Топ 5 мундијалски голови на големиот Марадона

На денешен ден, пред 5 години замина еден од симболите на фудбалската игра, Диего Армандо Марадона, човекот кој ќе остане поим за фудбал. Играше на четири Мундијали: Шпанија 1982, каде стигна до 2. коло, Мексико 1986, кој го освои, Италија 1990 кој го загуби во финале и САД 1994, каде беше суспендиран поради кокаин. Беше посебен талент. Му се лепеше топката.

Прв исклучен играч во Премиер после 17 години за напад на соиграч

Идриса Гај беше исклучен со црвен картон после само 13 минути од почеток на дуелот Манчестер Јунајтед - Евертон на „Олд Трафорд“ во понеделникот вечер. Гај му удри шлаканица на својот соиграч стоперот Мајкл Кин пред соиграчите да ги раздвојат.

Надреалната асистенција на Јокиќ со поголемо и заслужено внимание

„La Giornata Tipo“ е најпозната италијанска Фејсбук страна наменета за кошарка. Имаат издвоено речиси едноминутен клип од синоќешниот магичен пас на чудото од Сомбор. 

Совршенство од левица за победа на Трабзонспор во 101-ва минута

Башакшехир и Трабспор приредија понеделничка драма во 13. коло од турскиот шампионат. Домаќините имаа на полувреме 2:1, а конечниот резултат на мечот е 3:4. Јунак е Ернест Мучи, кој го сврте мечот со гол во 77-ма минута, а потоа со голчиште во 11-та минута од судиското продолжение.

Гвардиола јавно се извини за екцесот со камерманот

Њукасл и Манчестер Сити одиграа фантастичен дуел како и секогаш кога ќе се сретнат. Во саботата вечер после десетина неверојатни промашени шанси на двете страни, Њукасл славеше 2-1 против силниот Сити со два гола на Харви Барнс. Пеп Гвардиола нервозен после натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ му се сипа на камерманот кој го снимаше одблизу како што му налага должноста.