Денвер Нагетс ја доби битката на Западот против Лос Анџелес Лејкерс со 120-113 и ја продолжи борбата за врвот. Никола Јокиќ одигра на своето ниво со 26 поени, 12 скока и 13 асистенции, а Џамал Мареј постигна 27 поени. Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 27 поени и 11 скока, а Џејмс заврши со 16 поени.