Пеколна ждрепка за Ѓорческа и се падна ланската финалистка

Најдобрата македонска тенисерка во прво коло ја очекува дуел со шестата носителка и шеста тенисерка на ВТА-листата, Американката Аманда Анисимова.

Станува збор за 24-годишна тенисерка со богато искуство на грен слем турнирите и една од фаворитките за висок пласман.

Анисимова е шеста на ВТА листата, а минатата сезона играше во финалето на Вимблдон, како потврда за исклучително тешката противничка.

На ланското издание ја совлада Арина Сабаленка, за во финалето загуби од Ига Швјонтек. Највисокиот плсман е е трета во свет.

Противничката на Ѓорческа има освоено четири ВТА-титули и заработка од 13,5 милиони долари од настапите на турнирите. 

Лина Ѓорческа испиша нова страница во македонскиот спорт, откако за прв пат обезбеди пласман во главниот турнир на Вимблдон, најпрестижниот Гренд слем каде до сега нема стапнато Македонец.

Тетовчанката победи во сите три квалификациски дуели од неофицијалното светско тениско првенство. Ги победи Фита Болуда од Шпанија со 2:0, Жорге од Португалија со 2:1 во сетови и Бронзети од Италија со 2:0.

Главниот турнир на Вимблдон започнува на 29 јуни, кога Ѓорческа ќе го има своето историско деби на најпознатиот тениски турнир во светот.

Поенот вреден историја за Лина Ѓорческа која ќе игра на Вимблдон

Лина за Вимблдон ТВ: Не е лесно од мала земја, за сè се грижам сама

До кога вака бе дечки?

26 јуни 2026 - 11:57