Во последното квалификациско коло, Ѓорческа одигра извонреден натпревар и убедливо ја совлада Италијанката Бронзети (6-1, 6-2), која важеше за фаворит како 127-ма на ВТА-листата.
Со овој резултат, нашата најдобра тенисерка не само што ќе дебитира на главниот турнир на најпрестижниот Гренд слем, туку ќе стане и првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главен ждреб на ваков турнир.
Најдобар успех досега беше учеството на Александар Китинов на неколку Гренд слем турнири, но само во конкуренција на двојки.
Ѓорчевска со ова влезе во меѓу најдобрите 128 тенисерки во светот, кои ќе се појават на ждрепката на елитниот турнир во Лондон.
Пласманот на главниот турнир, освен историски резултат ќе и донесе награда од 100.000 долари за самото учество меѓу најдобрите на Вимблдон.
Името на противничката ќе го дознае утре. Слушнете го овој емотивен крик. БРАВО Лина.