Offside

Разликата од 55 места на светската ранг листа меѓу Швајцарија (14-та на ФИФА листата) и Македонија (69-та) беше очигледна вечерва во Скопје. Швајцарците во 1. коло од групата 1 во Б дивизијата рутински ги освоија првите три бода.

Рафиња, Педри, Левандовски во стилот на Меси, Чави, Иниеста

И покрај сите промени и турбуленции во клубот, Барселона е сериозно решена да граби кон титулата. Имаат само еден пораз по 21 коло, оној на Ел Класико на 16 октомври, а во 2023-та имаат 11 од 11 на сите натпреварувања. Барса е единствен клуб во најсилните 5 лиги со само 7 примени голови.

Косовски судиски циркуз

Не може секој да биде фудбалски судија. На мечот Дукаѓини - Приштина, конечни 1:0, на домаќините им досуди фаул од тепка за време на корнер од кој падна автогол. Потоа гледаше ВАР за да сфати дека досудил непостоечки фаул, па го призна голот и само ги изнервира гостите.

Елмас тресе мрежи и ита кон Скудетото

По погодоците против Сампдорија и Јувентус, Елиф Елмас го запишува и третиот гол за Наполи во 2023-та, вкупно шести сезонава. Само 9 минути откако влезе во игра против Кремонезе, го зголеми резултатот на 3:0. Наполитанците имаат +16 пред Интер кој утре и гостува на Сампдорија.

Лазаров спречуваше тепачка, а Маркоски утна празен гол за победа

Тиквеш се радуваше дома на реми 31:31 против новиот прволигаш Алкалоид во првото коло од плејофот во драматичен натпревар со голема неизвесноста и нервоза. Домаќините го израмнија резултатот во последните 8 секунди од мечот, а потоа остана време и за победа на гостите, но Никола Маркоски од пола терен ја погоди пречката.

Алегри во расправија со фрустрирани навивачи

Јувентус минува низ тежок период. По казната за финансиски малверзации на управата поради што им беа одземени бодови, Јувентус речиси извесно може да остане без еврокуп следната сезона. Бјанконерите во неделата ја совладаа Фиорентина 1-0 со голот на Адриен Рабио, а тренерот Алегри се расправаше со навивачи кои исвиркувале домашни играчи.

Кога во публика до тебе ќе ти се падне Леброн Џејмс

Лејкерси успеаа да го совладаат Голден Стејт и без повредениот Леброн кој мораше да одмори после историскиот меч за НБА лигата. Хит број 1 од мечот е реакцијата на девојчето кога сфати кој седна до неа. До матура ќе го раскажува искуството. Следуваше интервју, па сликање.

А го видовте ли волејот на Рики?

Во последниве три гола, Стефан Ристовски постигна два гола со кои Динамо Загреб победува во хрватскиот шампионат. По погодокот против Локомотива Загреб, ова коло капитенот на Македонија фантастично реагираше на асистенцијата на Батурина за конечни Динамо - Истра 1:0.

Во силна и рампоправна битка Волкановски загуби од Махачев

Австралискиот ММА борец со македонско потекло ја заврши серијата од 22 победи по ред, но сепак му пружи голем отпор на фаворитот и актуелен шампион во лесна категорија на УФЦ 284.

Сите 10 гола на Џерард против Евертон

Време е за градско дерби во Англија и тоа понеделничко од 21:00. За Ливерпул враќање на загубената игра и доверба, за Евертон бегство од опасната зона. Легендарниот Стиви не знаеше да даде обичен гол против големиот ривал.

УЕФА го тестира знаењето за легендарниот Македонец во ЛШ?

Милан - Тотенхем и ПСЖ - Баерн се двојките кои во вторник ги стартуваат осминафиналните битки во ЛШ. УЕФА почнува да билда атмосфера на Твитер и прашува кои се играчите со број 27 и 19 од легендарниот состав на Мурињо. Одговорот е пердув лесен.

Дрејк на штослест начин му честиташе на Леброн

Познатиот рапер Дрејк и многу други ѕвезди во САД му честитаа на Џејмс за поставениот рекорд по број на постигнати поени во НБА лигата. Леброн постигна вкупо 38.387 поени досега и го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар на вечната листа.

А го видовте ли голманот на кој Роналдо му даде 4 комада?

Не би да судиме по изглед, ама еден од најдобрите на сите времиња да се радува против ваков лик на ист начин како против Барса, некако не оди. Кире Трајчев од Силекс е Паљука за овој.

Има ли награда за бучава на сезоната?

Хукот кој го прават мароканските, туниските, алжирските и египетските навивачи е претерано добар. Ако долги години без да се трепне се гледаа аргентинските, турските, грчките, српските и италијанските навивачи, сега во последно време Европа сè повеќе гледа накај северна Африка.

Во последниот ден за трампи во НБА, не знаеш кај ќе удри

Ниту репортерот се возбуди, ниту кошаркарот се потруди да му се извини. Надреално безчувствителна сцена од двете страни. Исто како да не се случила.

Најсељачкиот сеир за автогол е во Малезија

И тоа во прва лига. Од коментарите на Твитер издвојуваме: Ова да му го направеа на некој во Јужна Америка, цел стадион ќе им се симнеше на тие двајцата.

Халк Банка со срце на терен до победа над Матрикс

Во второто коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија најубедлив триумф славеше Ван Хоол, а победи славеа и Пивара Скопје и Халк Банка.

Инвазија на скакулци за време на голеадата на Роналдо

Чудни фотографии пристигнаа од фудбалскиот натпревар меѓу Ал Наср и Ал Вехда во Саудиска Арабија. Додека Кристијано Роналдо се радуваше на четири гола, на трибините на Мрсол парк имаше рој од скакулци.

ФИФА ги објави претендентите за најубав гол во 2022-ра

Од повеќето кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол на годината во светот на фудбалот, на крајот кругот се скрати на тројца номинирани. Меѓу нив е и полскиот фудбалер Марцин Олекси кому му е ампутирана едната нога и кој игра во првенство за хендикепирани лица.

Ива Пројковска: Работев за Катарската фудбалска федерација, а имав и ВИП карти за Мундијалот

Судеше финале на ЕП У-19, четвртфинале во Лига на шампиони, а стигна и до сениорско Европско првенство за жени. Александар Ставрев кај жените е Ива Пројковска.

Кога богатиот Евреин сопственик на Тотенхем му наплатил дресови на Мамиќ

И девет дена после големото, огромно интервју на Здравко Мамиќ за Моцартспорт, уште се прераскажуваат неговите зборови. Мамињо на маса стави еден куп анегдоти од времето поминато како алфа и омега во Динамо, раскажа и кои се луѓето кои сакаат да му го земат клубот додека тој е во бегство во Меѓугорје.

Фондацијата на Лионел Меси донирала 3,5 милиони евра за погодените од земјотресот

Фондот на најдобриот фудбалер на денешницата според многумина, Лионел Меси, одвоил 3,5 милиони евра за хуманитарна помош за подрачјата погодени во страшните земјотреси во Турција и Сирија.

Како Мамиќ го открил Гвардиол и направил „лицитација“ меѓу Лидс и Лајпциг?

Со брат му ја врзале да игра во првиот тим на Динамо уште како тинејџер, а потоа преку син му договарал трансфер во Лидс. Но агентите влечеле повеќе накај Лајпциг за доброто на неговиот развој и покрај тоа што Англичаните нуделе 27 милиони евра. Кога Здравко Мамиќ го видел Јошко Гвардиол како игра на турнир на само 16 години, одма се фатил за телефон за да го прекомандува.

Навивачка досетка од Лидс до полицијата

Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед одиграа фантастичен дуел со дури 4 гола. Гостите кој од пред неколку дена сменија тренер, водеа убедливо со 0-2, но домаќинот се врати и успеа да земе бод. Пар илјади навивачи на Лидс кои важат за едни од најнезгодните на Островот, после мечот додека полицијата ги држела на трибините додека не заминат сите други присутни, смислиле песна.

Најдобрите одбрани во топ 5 лигите

Прилично изненадување е што Барселона, екипа која отсекогаш негувала напаѓачки, отворен фудбал, сезонава ја има најзатегнатата одбрана на цел континент. Барса под Чави на дури 20 меча има примено само 7 гола или во просек по 0,35 погодоци по натпревар што е убедливо најдобра одбрана во Европа сезонава. Њукасл е втор, ама англискиот клуб „нит прима нит дава“ многу голови. Трет е Наполи на Спалети кој се ближи до скудето.