Кристијано до соиграчите на Трајковски: „Вие не сакате да играте фудбал“

На еден од оние натпревари на кои бодовите однапред си ги запишаа зошто беа голем фаворит, фудбалерите на Ал Наср каде игра Кристијано Роналдо, останаа само со бод. Играа против Ал Феиха на нашиот Александар Трајковски и тим каде брани Владимир Стојковиќ.

По крајот од дуелот на кој Трајковски имаше зрела шанса за гол, Португалецот фрустриран им префрлаше на противниците дека не сакале да играат фудбал (зошто се бранеле цел меч, а неговиот Ал Наср имал 18 шута) и со гестикулација преку уста замолкнуваше некој од таборот на Ал Феиха.

„You don't want to play“: 

Голчиште на Трајковски против Роналдо за жал поништен поради офсајд

10 април 2023 - 13:24