Ѕвезда на Реал на паркинг нападнал играч на Виљареал

Реал Мадрид по сè изгледа ги изгуби сите шанси за титула во Ла Лига откако синоќа беше поразен дома 2-3 од Виљареал. Домаќинот два пати водеше но „жолтата подморница“ се врати и однесе три бода во трката за место кое води во Лига на шампиони. После мечот избил инцидент.

Уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде наводно го начекал 21-годишниот Шпанец Алекс Баена пред клупскиот автобус на Виљареал и испровоциран од коментари за време на мечот, физички го нападнал.

Наводно фудбалерот на Виљареал му зборувал нешто за детето а нивните вербални дуели траат уште од минатиот меч меѓу двата тима.

По враќањето на Виљареал во својот град, новинарите го снимиле Баена со модринка под окото. 

„Среќен сум поради импресивната победа, но и тажен поради нападот на кој бев изложен по средбата. Изненаден сум од она што се зборува за мене, никогаш не сум рекол такви работи“, напишал Баена на социјалните мрежи.

Што се однесува до самиот натпревар од 28. коло Реал Мадрид на два пати водеше но не ја сочува предноста. Виљареал славеше 2:3. Сега Барселона со меч помалку има 12+ бода предност на првото место и со евентуален триумф ќе отиде на разлика која веројатно е доволна за шампионската титула да стигне на „Камп Ноу“. 

9 април 2023 - 11:11