Каква луда вест од Атина, и пак во главна улога фудбалски судии

Денот како да нема крај со неверојатни вести поврзани со фудбалски судии ширум светот. Од Америка, преку Австралија до Грција.

Во Грција, како што е надалеку познато, првенството долги години беше легло на разни манипулации, девијантни појави и криминал.

Од причина што клубовите со години се кривеа едни со други дека местат судии кои судат на штета на другите, Грчката фудбалска федерација во 2018-та реши да ги прекине досадните обвинувања и да ангажира судии од странство.

И тоа добро функционире еве веќе некое време. Доаѓаат во Грција аргентински, чешки, српски, англиски судии и сè е во најдобар ред. На чело на судиската комисија е легендарниот англиски судија Стив Бенет.

Интересно, минатиов викенд на дербито од плејофот во Суперлига меѓу АЕК и Арис требало да дојде судиска бригада од Полска на чело со главниот судија Павел Рачковски (арбитар со знак на ФИФА, сезонава веќе судел два меча во Лига Европа и 1 меч во Лига Конференции). Со него биле уште и помошниците Радослав Циецки и Адам Купишка, како и ВАР судијата Кшиштоф Јакубик.

Но судиите воопшто не стигнале до стадионот и избил голем скандал.

Зошто?

Утрово грчки медиуми пренесуваат сензационална вест. Така на пример реномираниот атински Sport24 оди со наслов: „Пијани полски судии предизвикале голем инцидент на аеродром“ 

Наводно судиите се степале со непознати лица уште во авионот на летот Варшава - Атина и после исчезнале без глас.

Доцна вечерта во неделата Рачковски се огласил за полските медиуми и рекол дека „судиите биле трезни по пат до Атина а при летот почнале да ги навредуваат гркојазични Полјаци (ете и тоа имало) кои навиваат за Панатинаикос. Тие ги обвиниле судиите за местење, ги навредувале и плукале, рекол Рачковски. Тој потоа дошол да се пожали кај обезбедувањето на аеродромот.

Полскиот судиски колегиум го поддржал Рачковски, а шефот на грчкиот судиски комитет Стив Бенет рекол дека нема ништо против понатамошно викање полски судии да делат правда во грчкиот фудбал.

Рачковски дури и дал тест на алкохол кој покажал 0,00 промили во крвта. „После настанот бевме префрлени во хотел каде вечеравме и преноќивме. Утредента се сретнавме со шефот на судискиот комитет господинот Бенет, му објаснивме што се случило, разговаравме со него, бевме смирени и ни збор дека сме биле пијани“, рекол Рачковски.

А на крај мечот го добил АЕК со 3-1 со два гола на Стивен Зубер и еден од пенал на Леви Гарсија. После 30 одиграни кола АЕК и Панатинаикос се први со по 69 бода. Олимпијакос има 63 бода, а Паок е четврти со 60 бода.

Незапаметен инцидент во Премиер лига: судија удри играч на Ливерпул

Добро де, судија, само ВАР да ѕирнам со тебе

Судииве многу се опуштија

Кој што прави, во Шпанија даваат црвени картони

10 април 2023 - 14:51