Незапаметен инцидент во Премиер лига: судија удри играч на Ливерпул

Големото дерби Ливерпул - Арсенал заврши 2-2. Гостите од Лондон и лидери на табелата водеа со 0-2 но домаќинот се врати и освои бод. Дербито фудбалски беше прекрасно, но го расипа на крајот помошникот судија Констатин Хацидакис кој во еден момент му удри буквално лакт на фудбалерот на Ливерпул Енди Робертсон. За овој екцес брујат медиумите на Островот а ако се докажа вина, помошникот судија го чека долговремена казна.

 

Што се однесува до натпреварот, Арсенал водеше 0-2 со головите на Бразилците Габриел Мартинели во 8’ минута и Габриел Жезус во 28-ма минута. Ливерпул прво намали преку Мохамед Салах во 42’ минута.

Египќанецот на стартот од вториот дел имаше и пенал за да израмни но го промаши. На три минути пред крајот од мечот, во 87-ма минута Роберто Фирмино израмни на 2-2 и му откина два злато вредни бода на Арсенал во трката за титула со Ман. Сити.

До крајот од мечот во последните моменти „црвените“ имаа две стопостотни неверојатни шанси но не направија целосен пресврт.

На табела сега „топџиите“ имаат 73 бода на прво место. Сити е втор со 67 бода но и меч помалку. Овие два тима наскоро ќе се судрат на „Етихад“ во Манчестер кога многу работи ќе бидат појасни.

10 април 2023 - 08:41