Кој што прави, во Шпанија даваат црвени картони

На Севиља не и оди сезонава па не и оди. Сменија тренери, играчи, чуда, ама пак не можат да врзат победничка серија. Во петокот играа против Селта Виго, имаа големо водство од 2-0, но на крај во само три минути примија два гола иако мора да се признае дека добија два црвени картони, еден во 19-та минута а вкупно 11 сезонава.

Во петокот вечер Севиља прокоцка предност од 2-0 но речиси цел меч (од 19-та минута) играше со ирач помалку поради вториот жолт картон автоматски црвен кој го доби Пап Гује. Пред крајот од натпреварот нерви изгуби и левиот бек и светски шампион со Аргентина Маркос Акуња кој доби црвен картон поради приговор.

После натпреварот Севиља - Селта Виго (2:2), домашниот фудбалер Фернандо отворено зборувал за ситуацијата со црвените картони. Тој го прокоментирал спорното исклучување на Гује кој добил втор жокт картон откако го стапнал на нога Јаго Аспас.

„Мислам дека одеше на топка. Не сакам да зборувам за судиите, но имаме веќе 11 исклучувања (во сезонава 2022/2023). Тоа е многу чудно, но мора да продолжиме. Многу ми е криво што пропуштивме два гола. Ла Лига е една од најдобрите лиги на свет кои не ги сфаќам. Во исто време кога во Премиер лига има 28 црвени картони за сезона, во Ла Лига веќе има над 100. Нешто не е како што треба. Нешто не треба да биде така“.

Бразилецот е во право.

Во Ла Лига судиите многу полесно вадат црвени картони од џеб отколку во другите лиги од Топ5.

Шпанските судии веќе покажале дури 113 црвени картони. Во француска Ла Лига на 298 дуели се покажани 976 жолти и 84 црвени. Во италијанска Серија А на 283 меча се дадени 1306 жолти и 50 црвени картони, во Бундеслига на 237 натпревари има 905 жолти и 33 црвени а во Премиер лига на 288 средби има 1082 жолти и 56 црвени.

10 април 2023 - 14:22