Како изгледа плејоф шемата во НБА, распоредот до финале и кој учесник е рекордер?

За жал без Лука Дончиќ, но за среќа со Никола Јокиќ, стартува највозбудливиот дел од НБА лигата. Допрва ќе има јака кошарка која ќе трае најрано до 9-ти, најдоцна до 18 јуни.

Познати се четири двојки и уште четири тимови во годинашниот НБА плејоф кој стартува на 15 април.

Американците не знаат за одмор и со кошарка се продолжува уште од вечерва за кога се закажани натпреварите од плеј-ин.

Тоа е всушност разигрување на екипите кои завршија од 7-ма до 10-та позиција и во двете конференции. Мини турнир од 11 до 14 април како дел од новиот формат донесен пред две години.

12-те екипи кои се дел од плеј-офот се:

Источна конференција

Милвоки Бакс, Бостон Селтикс, Филаделфија, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, Бруклин Нетс

Западна конференција

Денвер Нагетс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс, Феникс Санс, ЛА Клиперс, Голден Стејт 

За останатите четири слобони места во плеј-ин ќе се борат:

Мајами Хит, Атланта Хокс, Торонто Репторс, Чикаго Булс, ЛА Лејкерс, Њу Орлеанс Пеликанс, Минесота Тимбервулвс, Оклахома Сити Тандерс.

Инаку Милвоки Бакс регуларниот дел од сезоната го заврши како најдобра екипа со скор од 58 победи и 24 порази. Тие се всушност и први кои се пласираа во плеј-оф уште на 14 март и тоа по седми пат во низа што им е рекорд.

Најдолгата серија во НБА не е нивна, туку на Бостон Селтикс кој ќе игра деветта последователна постсезона.

Личен рекорд остварува Денвер со петто учество по ред. Далас пропушта плејоф за прв пат по 2019-та, а Сакраменто влегува за прв пат по 2006-та и со тоа ја прекинува најдолгата постезонска суша во историјата на НБА.

Инаку сите рунди во плејофот, вклучувајќи го и финалето, ќе бидат во формат 2–2–1–1–1 во однос на домаќинството.

 

10 април 2023 - 14:56