Зошто НБА ѕвезди на Олимписки Игри избегнувале да дадат најмногу поени?
Легендата која играше на дури 7 Ол Стар натпревари и беше важен играч во Детроит, Орландо, Феникс Санкс и ЛА Клиперс, Грент Хил во еден подкаст раскажува интересна анегдота.
Хил со САД играше на Олимписките Игри во Атланта 1996 кога освоија златен медал. Од тој период се сеќава дека најголемите ѕвезди во селекцијата на САД не сакале да бидат најдобри поентери на натпреварите.