Бен Фостер на 40 години прави шоу во петта лига

Некогашниот репрезентативен голман на Англија Бен Фостер кој бранеше едно време и за Манчестер Јунајтед, а се прослави во ВБА и Вотфорд, се пензионираше во 2022-ра година. Но го убедиле да се врати да брани за велшки Рексам кој се бори за пласман во четврта лига.

За време на големото дерби меѓу првиот и вториот во англиската четврта лига меѓу Рексам и Нотс Каунти, паднале дури пет гола. Домаќинот славел 3-2 а во 90+7’ минута Бен Фостер прави шоу.

Рексам на четири кола до крајот има 103 бода, Нотс Каунти има 100 на второ место. 

11 април 2023 - 09:38