Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Првиот Гренд слем на Ѓоковиќ

Во 25 години, рекордни 24 Гренд слем титули. Првиот секогаш ќе го памети. Го освои против моќниот Цонга, а во полуфинале го елиминираше Федерер.

Комити се пофалија со плен од Кавадарци

Во пресрет на мечот кој на големо се најавува меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, навивачите на скопскиот клуб решиле да им вратат на „Лозари“ за случувањата кога Вардарци играа бараж за прва лига во овој град.

Бензема со гол со колено за победа

Ал Итихад победи на гости кај Ал-Ахдуд со 0-1 а единствениот гол за лидерот во Саудиска Арабија го постигна Карим Бензема во 72' минута. Ова е трет погодок на некогашниот капитен на Реал Мадрид но трет на последните четири средби. 

Португалија мотивира наталитет со Европско првенство 2024

На 9 месеци до почетокот на Евро 2024 во Германија, Португалците решиле да го мотивираат наталитетот со тоа што секој кој ќе добие бебе во периодот околу Европското првенство, ќе добие еден месец платено родителско отсуство.

Сите луѓе околу Ѓоковиќ

Јелена, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и Горан Иванишевиќ, не се единствените луѓе кои редовно ги гледате во ложа додека игра Новак. Тој има голема меѓународна екипа која се грижи за него. Да ги запознаеме.

Дебел е, никогаш не играл фудбал, ама ако ви дадам 20.000 евра ќе игра?

Со пари сè се купува, па дури и место во тим за синот кој никогаш не фатил топка во живот. Фудбал играл само на плејстејшн.

Чуден некој свет

На бејзбол во САД на некои стадиони со цел публиката да се забавува уште повеќе, смислиле Симба камера, односно камера која на трибините бара сопственици со нивните домашни миленици кои ги креваат како во познатата сцена со Симба.

Ла Лига стана спонзор на Ланваирпуллгуинхил-лгогерихуирндробул-лллантисилиогогогох

Не, не е ништо погрешно со насловот. Станува збор за велшки клуб од петта лига чие име е составено од 58 букви! Шпанска Ла Лига реши да го спонзорира овој необичен клуб.

Интересната приказна за Партизан и Фуенлабрада

Фуенлабрада е град или предградие на Мадрид. Оваа средина има посебно место во срцата на сите навивачи на Партизан кој во време на силни санкции, воена состојба во земјата, во сезоната 1991/1992 добива шанса своите домашни натпревари да ги игра во Фуенлабрада, место на 30 км од Мадрид со 200.000 жители.

Аргентинциве се друга димензија на навивачи

И како за крај на септемвриските квалификации, во Европа за ЕП 2024, во Јужна Америка за СП 2026, пуштете погласно пред да го пуштите клипов за да има поголем ефект и слушнете колку моќно звучи ова. Аргентинските навивачи се од друга планета.

А песната за Мегваер ја знаете ли?

Англиските навивачи знаат да почитуваат, па така после триумфот против Шкотска 1:3 пееа песна за стоперот Хари Мегваер кој повторно по којзнае кој пат си даде автогол. Мегваер веќе неколку години е на сериозен удар на социјалните мрежи но навивачите му дадоа поддршка.

Асистенција на колото

Во пријателска средба одиграна во Дортмунд, Германија со 2-1 ја совлада Франција. Стрелци на головите за домаќинот беа Томас Милер и Лирој Сане а Антоан Гризман од пенал за гостите во 89-та минута. Потегот на мечот го имаше фудбалерот на Борусија Емре Џан.

Какво голчиште паднало во Хондурас луѓе

Во 2. коло од Лига Нации во КОНКАКАФ Зоната во Северна Америка, Хондурас со 4-0 ја совлада Гренада. Гостите се држеле некако 45 минути но во судиско продолжение од првиот дел, Едвин Родригез го отворил резултатот со многу, баш многу моќен гол!

Ќерка му на Пепе?

Памет за друг пат кога ќе ви фали човек за фудбал, да внимавате кого викате.

Што вика шкотскиот селектор за Мегваер?

Комшиското дерби меѓу Шкотска и Англија отсекогаш носело големи тензии. Така и синоќа, на пријателска средба, се исвиркуваа двете химни, се скандираа погрдни песни и се навредуваа едни со други. На крајот подобриот победи 1-3, со автогол на Хари Мегваер. Којзнае кој автогол му е во кариерата.

УЕФА прашува кој е гол број 1 во септемвриските квалификации?

Конкуренцијата се состои од Јасир Асани, Жоао Феликс, Леандро Тросард и Максим Самородов.

Како Игор Штимац со помош на астролог ја однел Индија во Азискиот Куп

Ако некој не знае каде е и што прави поранешниот играч и селектор на Хрватска, Игор Штимац, тој е селектор на Индија уште од 2019-та. Тимот го бирал на многу необичен начин. Мисијата успешна.

Тибо Куртоа како иснпирација за сите

Врвниот белгиски голман од Реал Мадрид на самиот почеток на сезоната доживеа тешка повреда на предните лигаменти на коленото и предвидена му е пауза од речиси една година. Но како тргнал Тибо ништо чудно да го скрати периодот на опоравок. Тој пред месец дена се венчал и наместо да оди на некои хавајски плажи, решил да тренира.

Јован Манев, новата голема надеж во одбраната на Македонија

Во септемвриските квалификациски натпревари, Боби Милевски повика неколку не баш познати фудбалски имиња, a меѓу нив и едно дете од Кочани кое годинава и дебитираше и стрелаше за репрезентација. Изгледа дека добиваме нов столб во дефанзива.

И Јокиќ слави со кошаркарите, гол во диско

Никола Јокиќ се одзва на овој повик за репрезентација, која среброто од Светското го прослави со луда забава. Таму е и господинот со 24 Гренд слем титули.

Момци џабе скокате, Халанд е тоа

Кај е висок 194 см и корпулентен, па уште и вади некој кошаркарски одраз и затоа постигнува многу вакви голови. Погледнете ја оваа надмоќност, тоест каде е тој во висина, а каде се другите. До свои 23 години веќе има 25 репрезентативни гола на 26 средби и плус 213 клупски. Норвешка - Грузија 2:1.

Англиската химна не се ни слушна од свирежите на Шкотланѓаните

Фоден, Белингем и Кејн ја решија Шкотска со 1:3 на пријателски дуел, кој со оглед на ривалитетот и не може баш да биде пријателски во целост. Пуштете го клипов и кажете дали нешто слушате од химната на Англичаните?