Offside

Некогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп ја презеде репрезентацијата на Германија со јасен план за враќање кон врвот. Тој издал четири строги правила за репрезентативците и стручниотат штаб, со цел да се задржи дисциплината и тимскиот дух.

Голот за кој се шпекулира дека Џака му го пуштил на Косово

Пред неколку дена Швајцарија на гостување во Приштина имаше водство 1-2 длабоко во судиското продолжение. И кога трите бода требаше да завршат кај лидерот во квалификациската група, Ведат Муричи постигна втор гол на мечот за 2-2. Швајцарските медиуми го критикуваат Гранит Џака кој е капитен на Швајцарија, роден на Косово, дека со прст не мрднал да го одбрани голот во финишот.

Акробација ипол во младинските квалификации

Паралелно со квалификациите за ЕП 2024, се играат и квалификациски дуели во У-21. По триумфот над Шведска на гости, нашите загубија дома од Холандија. За гол број 1 во таа конкуренција го прогласуваме оној на Николас Мучи од Швајцарија. Страшен потег на малиот.

Мајсторијата на Елиф Елмас од повеќе агли

Македонските фудбалери на одличен начин со 4 од можни 6 бода го затворија септемврискиот циклус од квалификациите за Евро 2024. Синоќа на Малта Македонија победи 0-2 со головите на Елмас и Јован Манев, и двајцата на асистенции на Енис Барди. Елиф погоди во 5' минута и ги растерети соиграчите во продолжението.

Шкотска - Англија 1:3, погодете од прва кој си даде автогол

Во пријателски меч меѓу двата вековни ривали Шкотска и Англија гостите беа посилни и славеа 1-3. Англичаните се во група со Македонија во квалификациите за Евро 2024 и во ноември со нив македонската селекција го затвора циклусот. Фоден, Белингем и Кејн погодија за „Гордиот албион“ а веќе знаете кој си даде автогол за конечни 1-3.

Краток прекин на меч во Букурешт, Романците скандираа: „Косово е Србија“

Натпреварот меѓу Романија и Косово во рамки од 6. квалификациско коло за Европско првенство беше прекинат во 23' минута откако домашните навивачи извадија парола: „Косово е Србија“ во боите на српското знаме после што гостинските фудбалери го напуштија теренот. По краток прекин мечот продолжи. Ведад Муричи доби црвен картон во 42' минута а Романија на крај победи 2:0.

Супер гол на Елмас, триумф на Македонија на Малта

Со рано и брзо водство Македонија вечерва го отвори мечот на гости со Малта, а подоцна ја дуплираше предноста која што ја сочува до крајот од мечот со Малта 0:2. Три злато вредни бода за продолжување на трката за Евро 2024.

Илјадници ги пречекаа Ѓоковиќ и сребрените кошаркари во Белград

Веќе традиционално, на платото пред зградата на градското Собрание во Белград, десетици илјади навивачи дојдоа да ги поздрават златниот Новак Ѓоковиќ и светскиот вицешампион во кошарка. Ноле емотивен, се расплака како ретко кога и одржа емотивен говор.

Врвни 10 поени од кариерата на српската тениска машина

Од човек како него со 24 Гренд слем титули, не може да составиш листа на топ 10, 20, 30 поени, туку само ќе извадиш нешто јако од плејадата на импресивните лекции кои ги држи и кои немаат крај. Што има во главата овој човек?, ќе рече Горан Иванишевиќ.

Љубовта кон Рома на 11 септември му го спасила животот

Сето тоа со помош на натпревар од Лига на шампиони, инаку пепел.

Единствениот сон на Михајловиќ кој никогаш не му се остварил

На 16 декември 2022-ра, фудбалскиот свет остана без големиот борец Синиша Михајловиќ кој на 53 не успеа да се откачи од леукемија. Остави пет деца, како и сопругата Ариана, која зборува за првото лето без него, како и за неговиот неисполнет сон.

А за МВП меѓу коментаторите на Светското нека го прогласат оној на Спорт Клуб

Гласот го загуби во полуфинале, нервите во финале. Ова е Дарко Плавшиќ од Спорт Клуб, човек пред сè кој ќе колабираше од мака што Србија го губи финалето.

Ретка снимка од тренинг на Новак Ѓоковиќ на 4 години

Според многумина најдобриот тенисер на сите времиња воодушеви со уште еден освоен Гренд Слем, на УС Опен во Њујорк каде го збриша Медведев со 3:0 во сетови во големото финале. Сега излезе ретко видено видео од Ѓоковиќ како малечок како тренира.

Хулигани во обид

Од рубриката најсмешни видео инсерти.

Најдобрите топ 10 поени на Македонија на Европско

Македонските одбојкари го остварија сонот да играат во осминафинале на Европско првенство, односно да ја минат групната фаза што за првпат им појде од рака на домашното Евро2023 каде забележаа два триумфи, против Данска и Црна Гора.

Голем пречек за Летонците, браќата Бертанс плачеа на химната

Во првата фаза ја елиминираа Франција, во втората Шпанија, во четвртфинале беа тесно поразени од Германија, а во мечот за петто место ја декласираа Литванија. Летонија може да биде горда од резултатите на СП 2023 и целосно заслужи ваков пречек дома. Стана петта кошаркарска селекција во свет и тоа на деби мундијалскиот настап. Браќата Даирис и Давис Бертанс ги бришеа солзите по интонирањето на химната.

Фото на денот со Бориша и овации на аеродром за финалето

Победничката фотографија на српската кошаркарска репрезентација од Светското е веројатно онаа од авионот заедно со Бориша Симаниќ, со оглед на вестите дека само десетина минути го делеле од сигурна смрт. Се врати дома после две операции и без еден бубрег. На аеродром во Белград имаше голема еуфорија за неочекуваниот успех на Србите кои освоија сребрен медал.

На 8:0 селекторот на Луксембург напушти

Селекцијата на Луксембург не тера воопшто лошо во европските квалификации и со 10 бода е во игра за сензационално учество на ЕП 2024. Сè до вчера, кога си заминаа понижени од Португалија со 9:0. Селекторот Лук Холц не можеше да го поднесе срамот.

Дрон прекина меч, се степаа хрватски и ерменски навивачи

Хрватска и покрај бројните шанси, само со 0:1 ја совлада Ерменија на гости во 4. коло од квалификациите. Стрелец на погодокот беше Андреј Крамариќ во 14' минута. Овој меч го одбележаа големи навивачки нереди на трибините и прекин во 35' минута поради дрон.

Перо Антиќ се сретнал со Вучиќ и му подарил патики

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Македонија каде ќе се одржи состанок во рамки на процесот „Брдо-Бриони“. Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, легендарниот Перо Антиќ му подарил патики на Вучиќ.

Супер Португалија победи со рекордни 9-0

Португалската фудбалска репрезентација играше против аутсајдерот Луксембург, играше без капитенот Кристијано Роналдо кој беше суспендиран поради картони, но тоа им сметаше на Португалците да постават рекорд.

Колку им е добро на Холанѓаните

Во групата Б од квалификациите за Европско првенство, Холанѓаните на гости ја совладаа Република Ирска после пресврт 1-2 во Даблин и сега имаат 9 бода после 4 одиграни меча. Пред, за време и после мечот, препознатливите „лалиња“ правеа прекрасна атмосфера во главниот град на Ирска. Коди Гакпо и Вегхорст постигнаа голови за три важни бода во трката за Евро2024.

Малку италијански солзи

Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.

Ѓоковиќ за најтешкиот сет во кариерата долг 1 час и 45 минути

„Во моменти кога преку 30 пати по ред ќе го префрлиш топчето и влегуваш во скоро втор час игра во еден сет, јас повеќе не ја гледам јасно топката, сè ми се мати пред очи. Тогаш можеш да играш според интуиција“.

Конор Мекгрегор го навреди Александар Волкановски, овој одговори

Лудиот Ирец кој некогаш беше шампион во октагонот, веќе одамна не е сериозен борец, односно долго време немал борба. Активен е по социјалните мрежи од каде блуе оган врз актуелните борци. Сега веќе некое време го закача Волкановски.