Голманот што прими чудесен гол од Интер е навивач на Интер

Интер продолжи со победничкиот марш. Во неделата го совладаа Фрозиноне 2:0 а еден од головите го даде бекот Федерико Димарко. Неверојатно ефектен погодок кој е најубав на колото во цела Европа.

Италијанскиот репрезентативец забележал дека гостинскиот голман Стефано Турати е подизлезен и го матираше со прекрасен гол.

Интресно, 22-годишниот голман на Фрозиноне е дете на Интер. Уште од мал бил во клупската академија но никогаш не стигнал до прв тим. Во професионален фудбал дебитирал како голман на Сасуоло од каде преку Реџина стигнува до Фрозионе. 

Стефано Турати и помогнал на екипата да се пласира во Серија А. 

Што е најјако, Турати на 24 мај годинава бил со навивачите на Интер на трибина на големото финале на Куп на Италија кое нераѕурите го добија со 2:1.

Димарко одлепи со еврогол од 56 метри

13 ноември 2023 - 13:06