Како Жунињо Паулиста првпат видел снег на 22 години во Јоркшир

Како што генерации се вљубуваа во некој симпатичен просечен клуб поради некој играч, така и на времето Мидлзборо имаше свои следбеници поради Бразилецот Жунињо Паулиста, мајсторот на фудбалот.

Бразилецот кој денес има 50 години и кој во богатата кариера играше за Сао Пауло, Мидлзборо, Атлетико Мадрид, Васко да Гама, Фламенго, Селтик, Палмеираш, Сиднеј и Итуано, забележа и 49 настапи со 5 гола за Бразил.

Бразилскиот фудбалер во Европа пристигна во 1995-та година. Потпиша богат договор со Мидлзборо на свои 22 години.

За брзо време стана миленик на бројните навивачи на клубот од северен Јоркшир.

Интересно, во една пригода кажал дека првпат во својот живот на 22 години видел снег токму во северен Јоркшир затоа што во неговиот Сао Пауло речиси никогаш и да не врне снег. 

Не можел да му се изначуди и да се дорадува.

Со волшебникот Жунињо Паулиста во состав, Мидлзборо стигна до финале на ФА Куп и Лига Куп во сезоната 1996/1997 но загуби и во двете финалиња. Во 2004-та успеаа да стигнат до Лига Купот.

Во периодот од 1997-ма до 2004-та година Жунињо играше на позајмица во Атлетико Мадрид и потоа во уште неколку бразилски клубови. 

Светски шампион со Бразил стана во 2002-ра кога кариоките имаа 5 победи на 7 меча.

Во 2004-та му истекол договорот со Мидлзборо и премина во Селтик каде на својот прв меч му се погоди Old Firm дербито со Глазгов Ренџерс каде блеснал уште од почеток. 

Кариерата ја заврши во родниот Бразил во 2010-та година.

 

14 ноември 2023 - 11:22