Македонија ја очекуваат големи натпревари во квалификациите до крајот, гостински дуел со Италија во Рим и домашен со Англија за затворање на квалификацискиот циклус.
За натпреварот во Скопје со Англичаните кои веќе се пласираа на Евро 2024 но би требало да дојдат во најсилен состав, излегоа во продажба картите.
Влезниците се продаваат по цена од 400 и 600 денари. Постои уште една новост која баш не им оди во прилог на навивачите пред овој спектакл, а тоа е дека е задолжителна влезница ќе мора да имаат и децата без разлика на нивната возраст.
СЕВЕРНА ТРИБИНА
Блок 13 и 19 - 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 - 600 денари
ЈУЖНА ТРИБИНА
Блок 1 и 6 - 400 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 - 600 денари
ЗАПАДНА ТРИБИНА
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 - 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.
ПРОДАЖНИ МЕСТА
СКОПЈЕ
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
ВЕЛЕС
• Унисон
ПРИЛЕП
• ТА Бран
КУМАНОВО
• Тобако Агора
ТЕТОВО
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
ГОСТИВАР
• Тобако Вона 5
ОХРИД
• ТА Вис Пој
БИТОЛА
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
СТРУМИЦА
• Литература МК
• ТА Сафари
РАДОВИШ
• ТА Халкидики