Прекин на дербито во Мостар поради навредливи симболи
На стадионот „Роѓени“ во Мостар синоќа се одиграло градското дерби меѓу Вележ и Зрињски. За едните навива воглавно босанската етничка заедница во градот за другите хрватската. Мечот поминал во напната атмосфера, домаќините на крајот победиле со 3-0 но натпреварот бил неколку пати прекинуван. Еднаш поради тоа што домашните навивачи извадиле знаме на кое биле исцртани симболи на кукаст крст, усташки симболи и Давидова ѕвезда па после знакот еднакво е нацртан машки полов орган.
Вележ победил 3-0 со головите на Нермин Хаскиќ и два погодоци на Георги Гулиашвили. Зрињски кој сезонава игра историска прва сезона во еврокуп, во Лига Конференции, претрпе голем пораз.