Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Двајца ракометари завршија во болница поради Дејан Милосављев

Поранешниот голман на Вардар беше во центарот на вниманието на мечот од Лига Европа меѓу Фуксе Берлин и Кадетен Шафхаузен кој германскиот тим го доби со 30:24. На едниот му падна со цело тело, а другиот го поткачи со нога во глава по што падна како покосен.

Енди Керол во обид да глуми Марадона го избркаа од терен

На 17 години кариера во Ливерпул, Њукасл, Вест Хем да дадеш само 94 гола, а си напаѓач изгледа те фаќа зорт. Ама па и не е за секој божјата рака. 34 годишниот англиски напаѓач во рок од 5 минути даде гол и доби црвен за Ридинг во Чемпионшип лигата по што Лутон израмни на 1:1.

Кога голман станал на лева нога

Голманот на англискиот Рочдејл од Лига 2, четврта дивизија во англискиот фудбалски поредок, Ричард О’Донел си даде најсмешен автогол на сезоната таму. На крајот мечот со Транмир завршил нерешено 2:2 но Рочдејл нема шанси да се спаси и испаѓа во петта лига односно Национална лига од каде во спротивен правец веројатно доаѓа велшки Рексам.

На Јувентус му враќаат 15 бода?

Неверојатна вест доаѓа од Торино. Пред реваншот на Јуве со Спортинг во 1/4 финале на Лига Европа во Лисабон, во средата Вишиот спортски суд после трочасовно сослушување не донел конечна одлука, но големи се шансите на Јуве денес да му се прифати жалбата и да му се вратат одземените бодови поради финансиски малверзации.

Чуден меч во Англија, 10 минути не мрдаа ни едните ни другите

Во сенка на супер дуелите во Лига на шампиони, во Англија редовно коло играа пониските лиги. Интересна и необична епизода имало на средбата Гилингем - Лејтон Ориент во Лига 2. Домаќините играле за опстанок во лигата, а гостите за пласман во посериозен и повисок ранг. Пред крајот имало циркус.

Навивачите на Баерн удрија по Кан и Салихамиџиќ

И покрај убедливите резултати во групната фаза и елиминацијата на ПСЖ од кој не примија ниту гол, Баварците останаа и без Лига на шампиони. На удар е управата.

Интер закажа мега полуфинале на Лига на шампиони, а во Серија А е вон топ4

Екипата на Интер во реванш мечот со Бенфика одигра нерешено 3:3 и со вкупен резултат 5:3 оди на мегдан со градскиот ривал Милан. Во исто време очајните резултати во Серија А како сенка висат над тренерот Симоне Инзаги.

Навивачите на Бенфика во стилот на Чкембари

Пиротехниката е доста корисна алатка за правење шоу на стадион, ама зависи како ја користиш. Навивачите на Бенфика заслужуваат дебела казна за тоа што го правеа на Џузепе Меаца. Ги фрлаа бакљите во публика.

Порака од фудбалерите на Вардар до Комити

Воска кој е лидер на табелата во втората македонска лига, одлучи да не прима гостински навивачи за мечот против второпласираниот Вардар, кој е многу важен во битката за промоција во прва лига. Се игра во недела со почеток од 16 часот. Играчите и навивачите заедно се мобилизираат и се надеваат дека охриѓани ќе ја сменат одлуката.

Фото на денот од Меаца

Интер направи голем исчекор во Лига на шампиони и закажа градско дерби во полуфинале откако ја елиминираше Бенфика со вкупни 5:3. Меѓу специјалните гости на стадион имаше двајца легенди од славната и незаборавна тројна круна, како и еден поранешен играч кој дојде во 2012-та.

Напорната авантура на Анчелоти во Челси кaде морал да учи англиски по 10 часа на ден

Од проблеми со јазикот, голем притисок од медиумите, но и од Абрамович, двојната круна, па сè до падот кој дојде брзо. Трофејниот италијански стратег синоќа го елиминираше клубот за кој потпиша пред 14 години, доведен за да им ја донесе токму Лигата на шампионите. Не му било лесно со Роман.

Вучиќ од мал зборува за Црвена Звезда

Навивачите на белградски Партизан често му замеруваат на српскиот претседател Александар Вучиќ што во време на негова власт премногу е протежирана Црвена Звезда. Тој и самиот неколку пати раскажувал како на времето растел на северната трибина од стадионот „Рајко Митиќ“, а има и едно видео во кое ја потврдува својата приврзаност кон црвено-белите.

Наполитанците решија за финалето да патуваат за Истанбул

Навивачите на Наполи не можат да се помират што се елиминирани во Лига на шампиони и преку Твитер профил кој стои како официјален на клубот, но сепак е фејк, соопштија дека сепак ќе играат во финале.

Навивач на Лацио му предвидува на Наполи дебакл и во Серија А

Италијанскиот фудбал е хит сезонава со претставници во нокаут фаза на сите европски натпреварувања. На крајот почнува да станува и забавно.

Во Чиле ладно трчаа контра напад со куче на терен

Јужноамериканскиот фудбал е прав извор на јаки зезалици. Така на дуел од чилеанската лига минатиот викенд, меѓу Депортес Копиапо и Уанчипато, ни едните ни другите во еден момент не приметија дека куче трча комотно по цел терен.

Како изгледа муабет меѓу судиите на терен?

И покрај тоа што ВАР системот придонесе за многу почист увид на нештата на теренот и го подобри квалитетот на натпреварите, некои тренери и играчи после поразите често се жалат дека немаат објаснување за одредени судиски одлуки. Затоа во Франција решија отворено да покажат како судиите разговараат и образложуваат одредени решенија.

Анри го испофали Леао со акцент на одличната игра во одбрана

По пласманот на Милан во полуфинале, Рафаел Леао го вклучија во студиото во Лондон каде анализа за мечот правеа Тиери Анри, Андриј Шевченко, Џејми Карагер и Мика Ричардс. Ќе падне и смеење.

Кој ја смисли симпатичната прослава на гол - со чистење копачки?

Фудбалерите на Милан, вториот најтрофеен клуб во историјата на Лига на шампиони со 7 титули, после 16 години се пласираа во големото полуфинале каде ќе го чекаат подобриот од реваншот Интер/Бенфика. Росонерите оддолеаа на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и го одбранија триумфот од Милано. Голот на Жиру го намести неверојатниот Рафаел Леао.

Ла Бомбонера експлодираше со гол во 98-ма минута

Бока многу слабо ја почна сезоната во домашното првенство каде после 12 кола има дури 6 порази и 2 нерешени средби, па лидерот Ривер веќе им избега 16 бода. Затоа имаше тренерски смени на клупата на гигантот. Сега конечно им тргна, па со гол во 98-ма минута против колумбиски Депортиво Переира победија 2-1 во 2. коло од Копа Либертадорес.

Избегната тепачка на тренинг на Интер

Ова што се случува во Интер е многу нејасно. Играат сјајно во Лига на шампиони, ја урнаа силната Бенфика на гости со 0-2 и се на праг од големо полуфинале со градскиот ривал Милан. Од друга страна во Серија А ги шамара кој стигне (Монца, Емполи и разни просечни тимови), па тренерот Инзаги е пред отказ.

За ова ли му давате 200 милиони по сезона?

Има 2,5 годишен договор од 500 милиони евра, не знае да прифати пораз, се нервира на секој втор натпревар и рога шишиња. Кој е тој?

Елмас се простува од ЛШ, Милан повторно тактички го уништи Наполи

Милан и Реал Мадрид ги елиминираа Наполи и Челси и станаа први полуфиналисти во Лига на шампиони. Жиру и Кварацхелија не реализираа пенали. Половина час за Елмас. На повидок е миланско полуфинале, за прв пат во историјата.

Херојска парада на Куртоа и зицер на Канте

Челси може да жали што не успеа да ја анулира негативата од 0:2 на Бернабеу уште во првото полувреме. Н’голо Канте и Марк Кукуреља не реализираа чисти 100% шанси.