Шампионот шампионски

Во големото финале на АТП завршниот собир на најдобрите, Новак Ѓоковиќ со 6:3, 6:3 го совлада најдобриот италијански тенисер Јаник Синер и ја освои седмата титула на овој вреден турнир.

Во финалето првиот рекет на светот го доби младиот Синер кој беше најголемо изненадување на целиот турнир и кој пред домашната публика еднаш и го совлада Ѓоковиќ во групна фаза.

Младиот Италијанец освои дури 61 поен помалку во дуелот со истиот ривал на исто место после само неколку дена. 

Ѓоковиќ го доби Синер за 106 минути и од синоќа е човек со најмногу титули во историјата на Завршниот АТП турнир со неверојатни седум трофеи!

Новак е апсолутен рекордер на најпрестижниот АТП турнир и од денес ја почнува рекордната 400-та недела на прво место на АТП листата, подвиг што никогаш никому не успеал во историјата на тенисот.

37-годишниот Новак е најдоминантен играч што докажа и во дуелите со инспирираните и по десетина години помлади тенисери.

Србинот го освои седмиот пехар од осум финалиња. Во својот преполн музеј со трофеи го придодаде и 98 пехар. Следен предизвик на Новак е завршницата на Дејвис Купот за репрезентации со неговата селекција Србија.

 

20 ноември 2023 - 09:29